Трамп: Светот ќе биде „растргнат на парчиња“ доколку „глупавите“ лидери не внимаваат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју со Пирс Морган откри како му се заканувал на Путин во однос на нуклеарното оружје, а и што би му рекол доколку сега е на чело на САД, пишува Мондо.

 – Му се заканував како никогаш порано. Му кажав каков ќе биде нашиот одговор, а тој ми рече: „Навистина.“ Јас му одговорив: „Навистина  – изјави Трамп, без да дообјасни за што точно зборувале со Владимир Путин.

 Трамп откри како би се справил со можната нуклеарна војна поради Украина:

 – Би им рекол (на Русите): Имаме многу повеќе од вас. Ние сме далеку, многу помоќни од вас. И да не сте го спомнале повеќе тој збор – нуклеарно (оружје). А ако тоа го направите, ќе има проблеми – рече тој.

 Трамп ги критикуваше политиките на Џо Бајден. Тој предупреди дека светот ќе биде „растргнат на парчиња“ доколку „глупавите“ лидери не внимаваат.

 – Нашите лидери не се паметни, и ако не се паметни, потенцијално би можеле да завршиме во нуклеарна војна. Ова е почетокот. Бев најдобриот предвидувач на работите досега. Можеби сепак таква војна нема да се случи. Но, мислам дека тие (Американците) погрешно го третираат Путин – рече Трамп.

 Што се однесува на Путин, Трамп прво го пофали во интервјуто. Тој му се воодушевува на потегот на рускиот претседател да распореди над 100.00 војници и опрема на руско-украинската граница.

 – Кога ги собра војниците на границата, реков дека тој е многу паметен, брилијантен потег бидејќи мислев дека преговара. Кога влезе (во Украина), реков дека тоа веќе не е одличен потег – рече тој.

 Еден од најбизарните моменти во интервјуто беше кога Трамп го критикуваше Путин за користење на „зборот на Н“, мислејќи на „нуклеарно“.

 – Јас тоа го нарекувам „зборот на Н“. „Путин постојано го користи „зборот на Н“, нуклеарниот збор. Тоа е не-не. Тој не треба да го прави тоа – предупреди Трамп.