Трамп тргнува на долга и чувствителна азиска турнеја

Американскиот претседател Доналд Трамп допатува во петокот на Хаваи, од каде ќе тргне на својата 12-дневна азиска турнеа во текот на којашто ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини, а најверојатно ќе им аи разговор со рускиот претседател Владимир Путин, за, во прв ред, да добие поддршка за американската политика кон Северна Кореја.

Во текот на кусиот престој на Хаваи, американскиот претседател Доналд Трамп ќе го посети Перл Харбур и меморијалниот центар УСС Аризона посветен на американските војници и морнари загинати во јапонското бомбардирање од 7-ми декември 1941 година.

Станува збор за прво патување на Трамп во Азија откако влезе во Блата куќа, како и за најдолгата азиска турнеја на некој американски претседател од 1992 година. Со учеството на повеќе регионални самити, американскиот претседател ќе има неколку важни билатерални средби, пред сѐ со кинескиот претседател Кси Џинпинг, но и со контроверзниот филипински претседател Родриго Дитерте кој имаше жестока и навредлива комуникација со претходниот американски претседател Батак Обама.

Популарноста на Трамп во моментов е на најниското ниво откако ланскиот ноември стана претседател. Истражувањето на јавното мнение коешто пред неколку дена го спроведоа дневниот весник The Wall Street Journal и телевизиската мрежа NBC News покажува дека само 38 отсто од Американците се согласуваат со начинот на кој Трамп ја извршува претседателската должност, а 58 отсто се противат на неговите политички одлуки.

Белата куќа истакнува дека и самата должина на азиската турнеја на Трамп покажува колкав е неговиот ангажман и решителност во развојот на односите со овој дел од светот.

Меѓутоа, остануваа многубројни прашања, особено на економски план, откако ненадејно само три дена по преземањето на претседателската должност Трамп ги повлече САД од Транспацифичкиот партнерски трговски договор (TPP) на големо разочарување на земјите потписнички, особено Јапонија. Овој договор, кој требаше да претставува противтежа на сѐ поголемото влијание на Кина, пред две години го потпишаа 12 земји од Азија и Пaцификот кои претставуваат 40 отсто од светската економија. Јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој е голем заговорник на договорот, признa кон крајот на 2016 година дека TPP без САД „не би имал смисол“.

Трамп со Абе на голф сака да го зацврсти пријателството

Веќе во недела Доналд Трамп ќе се сретне со Шинзо Абе на нова партија голф откако одиграа на Флорида во Мар-а-Лага во февруари. Овојпат ќе им се придружи јапонскиот професионален голфер Хидеки, Матсујама, кој во моментов е четврти на светската листа.

Посакувањето на Трамп во разговорите со јапонскиот премиер е да се зацврсти сојузот меѓу двете земји во периодот кога многу челници на западните сојузници се оградуваат од некои негови потези и политики, на пример околу Иран или околу климатските промени, договор од кој исто така САД истапија под негово водство.

Тоа е и желба на Шинзо Абе. Во текот на неодамнешната предизборна кампања во својата земја, Абе повеќепати ги истакна пријателските врски со Доналд Трамп. „Блиските односи меѓу Јапонија и САД се важни“, особено во атмосфера на севернокорејската нуклеарна и ракетна закана, рече Абе во октомври.

Абе беше и првиот странски челник кој имаше разговори со Трамп, дури и пред неговата инаугурацијата. Во Северна Кореја, Тамп и Абе имаат заеднички непријател. Меѓутоа, многумина стравуваат дека Јапонија би морала да плати цена за тоа пријателство на други полиња, на пример во економијата.

„Нивната близина не помага во решавањето на билатералните трговски прашања“, напиша публицистот и писател Тору Мачида, во написот за интернет списанието Gendai Business.

 

Јужна Кореја без демилитаризирана зона

По Јапонија Трамп ќе ја посети Јужна Кореја а таму ќе престојува и во демилитаризираната зона на границата меѓу Северот и Југот, како што тоа го правеа сите негови претходници. Меѓутоа, сигурно е дека неговиот планиран говор во јужнокорејскиот парламент ќе привлече особено внимание на светската јавноста. Сеул се надева дека Трамп ќе ја потврди силата на нивниот сојуз во време кога Пјонгјанг забрзано се приближува кој исполнувањето на своите нуклеарни цели, односно добивање способност за развивање нуклеарна боева глава којашто ќе може да се постави на интерконтинентална балистичка ракета којашто ќе може да погоди која и да е цел на американската континентална територија.

„Меѓутоа, Јужнокорејците сакаат да бидат сигурни дека САД нема да ја воведат нивната земја во воен судир кој би бил преуранет или бескорисен“, вели Скот Снајдер, од Советот за надворешни односи „тинк-тенк“ со седиште во Њујорк.

Нивното стравување не е без основа, бидејќи, како што нагласува Мајкл О’Хенлон, стручњак од институтот Брукингс во Вашингтон, американскиот претседател често „импровизира и се однесува непредвидливо, а луѓето како Џејмс Матис (министерот за одбрана на САД – з.р.) и Рекс Тилерсон (шефот на дипломатијата) се обидуваат, во мера во којашто тоа е возможно, тоа да го сторат одвишно“.

Проблемот се состои во тоа што светските лидери често не знаат на што се во односите со Трамп. Еднаш ги фали, за веднаш потоа да ги исмее. Дипломатскиот протокол со терминологијата резервирана за сојузниците и за противниците, за Трамп е непозната. Неговата стратегија е непредвидливост, оценуваа многу аналитичари.

„Тоа ги нервира неговите сојузници. Испраќа мешани сигнали на противниците. Со тоа се намалува и профанира улогата на претседателот. Зборовите на овој претседател светот не ги зема за сериозни“, рече во август за Voice of America, Теренс Шуплат, кој на поранешниот претседател Барак Обама му ги пишуваше надворешнополитичките говори.

На Јужна Кореја, особено на оние тамошни политичари коишто во прв ред заговараат дијалог со Северна Кореја, не им се допаднаа жестоките твитерски закани од Трамп за Пјонгјанг. Трамп, пак, смета дека благиот став кон Сеул не може да помогне во решавањето на кризата на Корејскиот полуостров.

„Јужна Кореја станува свесна, како што ѝ реков, дека нејзиното попуштање на дејствува. Тие разбираат само едно!“, напиша Трамп алудирајќи притоа дека акциите на Северна Кореја може да се запрат само со закана со воена сила.

 

Трамп во Пекинг во инфериорна улога

По Сеул, Трамп ќе отпатува за Пекинг. Четириесет и петтиот американски претседател ќе се сретне со кинескиот претседател, „моќниот човек“ како што неодамна самиот го нарече.

Трамп во меѓувреме значително ја ублажи својата агресивна реторика од предизборната кампања за проблемот со кинеската трговија и сега е многу попретпазлив во изјавите за оваа тема. Американскиот претседател Кси Џинпинг ќе се обиде да го убеди многу поцврсто да се постави во однос на кинескиот сојузник Северна Кореја.

„Во минатото САД неа многу моќни, па сметаа дека Кина мора да ги слуша. Тоа би можело да биде нивната најголема разлика“, смета Џиа Чингуа од Пекиншкиот универзитет додавајќи дека денес тоа повеќе не е така.

„Севкупно, сетам дека Трамп доаѓа во посета како послаб играч, а позицијата му е дополнително ослабена со зацврстување на моќта на Кси на неодамнешниот конгрес на Комунистичката партија и недостигот од кохерентна американско-кинеска политика“, смета Џонатан Фенбу, аналитичарот за Кина во компанијата за економски и политички истражувања „ТС Ломбард“.

Кога станува збор за резултатите кои веднаш може да се почувствуваат, Трамп би можел повеќе да профитира. Во негова придружба во Кина доаѓа и деловна делегација којашто главно ја сочинуваат претставници на американскиот енергетски сектор. Трамп и Кси би требало да потпишат договори за вложувања вредни милијарди долари, што може да го зајакне имиџот на Трамп во САД и да придонесе кон неговата цел за намалување на трговскиот дефицит со Кина.

 

На крајот самитот во Да Нанг и средба со контроверзниот Дутерте

По кинеската престолнина Трамп ќе отпатува во виетнамски Да Нанг каде што ќе биде учесник на средбата на врвот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), самит од кој обично се промовира либерализација на трговијата, па се очекува дека и тука договорот TPP може да се најде во прв план.

Американскиот претседател турнејата ќе ја заврши во филипинската престолнина Манила на вториот регионален самит, овој на Сојузот на земји од југоисточна Азија (ASEAN). Таму се очекува многу интересна средба на Доналд Трамп со контроверзниот филипински претседател Родриго Дутерте, познат по крвавата пресметка со трговците со дроги, којашто ја критикуваат во САД и кај нивните европски сојузници.

„Одиме на Филипини каде што претходната администрација не беше добредојдена“, изјави гордо претходно седмицава Доналд Трамп, алудирајќи на жестоките изјави на Дутерте на адреса на неговиот претходник Барак Обама, како и на протерувањето на американските специјалци од Филипини кои асистираа на тамошните безбедносни сили во справувањето со картелите.

На двата регионални самита ќе биде присутен и рускиот претседател Владимир Путин, што ја зголемува можноста од разговори со Трамп на маргините од собирите. Трамп и Белата куќа ја оставија отворена можноста за средба, додека Кремљ потврди дека таа се договара и дека таа ќе се оствари доколку дојде до заеднички договор. Трамп на социјалните мрежи најави дека со Путин би разговарал за темите врзани за Северна Кореја, Сирија и Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.