Трамп тврди дека е „имун“ на Covid-19

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека сега е „имун“ на Covid-19, ден откако неговиот лекар објави кусо писмо во кое наведува дека тој повеќе не е опасен за околината и не може да го пренесе вирусот.

„Се чини дека сум имун, не знам, веројатно на подолго време, можеби на покусо, а можеби и за цел живот. Никој точно не знае, но имун сум“, рече Трамп во телефонскиот разговор за американската телевизиска мрежа Fox News.

„Имате претседател кој е имун (…) Денеска имате претседател кој не мора да се крие во подрум како неговиот противник“, додаде Трамп алудирајќи на неговиот демократски противкандидат на претедателските избори на 3-ти ноември, Џо Бајден.

Менталната состојба и конгитивните способности на Бајден со месеци се цел на напади на републиканците. Трамп и неговиот изборен штаб редовно прават шеги на сметка на Бајден, бидејќи тој не излегуваше од својата куќа во Вилмингтон по наглото прекинување на кампањата во средината на март поради коронавирусот. Кампањата на Трамп, исто така, ги доведува во прашање и менталните способности на противникот и тврдеше дека Бајден се криеше во подрумот од неговата куќа за да не го види никој.

Во врска со иминутитетот на Covid-19 сѐ уште постојат непознати. Не се знае точно колкав степен на заштита обезбедуваат антителта, ниту колку иминутитетот би можел да трае, ја коментираат американските медиуми изјавата на Трамп.

Трамп во разговорот за Fox News, исто така, напомна и дека Бајден можеби е болен.

„Ако го видовте Џо, вчера (сабота) страшно кашлаше… Не знам што тоа значи, но медиумите за тоа многу зборуваа“, рече Трамп.

Изборниот штаб на Бајден секој ден објавува наоди од неговите тестирања на Covid-19 и за сите досега објави дека се негативни.

Медиумите наклонети на демократите, пак, забележуваат што лекарскиот тим на претседателот Трамп не објави кога тој последен пат бил негативен на тестирањата, и обвинуваат дека можеби не се тестирал неколку дена пред неговиот прв позитивен тест на 1-ви октомври.

Но откако лекарите на американскиот претседател соопштија дека тој не е заразен и не може да ја пренесе заразата на други, Трамп во саботата им се обрати на своите приврзаници од балконот на Белата куќа. Враќањето во предизборната кампања на теренот го најави за понеделник, и тоа со забрзано темпи: во понеделник патува на Флорида, во вторники во Пенсилванија, а во среда во Ајова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.