Трамп: Убав гест на претседателот Путин

Американскиот претседател Доналд Трам и се заблагодари на Русија за упатената медицинска опрема што ќе помогне во спасувањето животи на Американците пред налетот на пандемијата на коронавирусот, јавија американските медиуми.

Трамп овој потег го оцени како многу добар гест.

-Тоа е многу убав гест на претседателот Владимир Путин. Кажав дека ќе ја прифатам неговата помош. Воопшто не ме загрижува Русија и пропагандата, ниту малку. Прифатив многу медицинска опрема од висок квалитет. Тоа може да спаси многу животи и секогаш би ја прифатил, изјави Трамп на прес конференција, зборувајќи за испораката на руската помош.

Во Њујорк вчера слета авион „А-124“ со медицинска опрема, што ја упати Русија. Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов претходно соопшти дека Русија испраќа опрема, средства за дезинфекција, очила, маски и респиратори.

Тој ја истакна неопходноста од меѓународна соработка во борбата против коронавирусот, бидејќи, како што кажа, ниту една земја не може самостојно да се избори со пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.