Трамп уверува дека САД имаат огромен успех со Кина околу трговијата, која е „почесна“ од демократите

94

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека САД имаат огромен успех во трговските преговори со Кина, само ден откако американските и кинеските делегации ги заврштија тридневните преговори во Пекинг посветени на оваа трговијата и обидот да се избегне трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Уште во својата предизборна кампања во 2016-та, сега американскиот претседател Доналд Трамп ја обвинуваше Кина за измами во тргувањето со САД и за кражба на американската интелектуална сопственос, иако често најавуваше дека има многу добри односи со кинескиот колега по должност Кси Џинпинг.

„Преговараме со Кина и имаме огромен успех“, рече Трамп пред новинарите на излегување од Белата куќа на пат кон границата со Мексико на 20-от ден од делумната блокада на американскатата влада.

Трамп во врска со преговорите со Кина рече дека оваа земја „на повеќе начини е далеку почесна“, отколку што се демократските челници во Сенатот – сенаторот Чак Шумер, по претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси.

Американската влада е во делумна блокада, поради одбивањето на демократите во Конгресот во законот за буџетот да го стават неговото предизборно верување за градење ѕид на мексиканската граница во износ од 5,7 милијарди долари, за да се спречат илегалните миграции и трговиите со дроги и со луѓе. Спорот предизвика затворање на четвртина од федералната влада, а Трамп порача дека нема да се согласи на ниеден закон кој би ја деблокирал владата, а не би го вклучувал финансирањето на ѕидот. Како опција, нему му стои на располагње и прогласувањето вонредна состојба.

„Верувам дека е многу полесно да се преговата со Кина, отколку со опозицијата“, спореди Трамп.

Вашингот на Пекинг му претставил подолг список со барања коишто треба да ги изменат трговските услови меѓу двете земји. ие вклучуваат промени во кинеската политика за заштита на интелектуалната сопственост, трансфер на технологиите, субвенции на индустријата и други нетарифни бариери во трговијата. По околу 40 дена во рамките на 90-дневното трговско примирје, се појавија одредени црврсти детали за напредок во преговорите. Состаноцие во Пекинг оваа седмица не беа на минстерско ниво, па оттами и се очекуваше дека нема да донесат договор кој би ја прекинал трговската војна.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.