Трамп: Вакцина може да има пред претседателските избори во ноември

46

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е можно САД да имаат вакцина против Ковид 19 пред претседателските избори во ноември.

Очекувањата на Трамп се далеку пооптимистички од оние што ги изнесоа неговите експерти за здравствена заштита во Белата куќа.

За време на гостувањето во радио програмата на американскиот новинар Џералд Ривера, американскиот претседател истакна дека е можно вакцината да биде готова долго пред крајот на годината и дека тоа би можело да се случи пред 3 ноември.

„Мислам дека во некои случаи тоа е можно порано, но, грубо, тогаш“, рече Трамп кога го праша Ривера дали вакцината може да се произведе пред 3 ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.