Трамп вечерва ќе има говор за состојбата на нацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе има говор пред двата дома на Конгресот за состојбата на нацијата. Говорот на Трамп ќе биде околу три часот наутро на Централноевропско време, еден ден пред Сенатот да даде последен збор за неговото можно отповикување.

Исто така, тоа ќе биде првпат претседателот да се најде лице в лице со спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, највисок демократски политичар, откако таа најави дека против него ќе почне процес за отповикување.

Трамп поверојатно е дека ќе го насочи својот говор кон успехот на неодамна склучените трговски зделки, податоци кои покажуваат дека економијата расте и ветувањето дека животот на работните семејства ќе се подобри. Исто така, се очекува тој да се пофали со напорите за спречување на илегалната имиграција.

Трамп веројатно ќе ја пофали и американската војска, која неодамна го уби лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади.

Според американски медиуми, нема да изненади ако тој се обиде да ја протурка неговата про-израелска агенда, бидејќи неодамна го објави својот план за блискоисточен мировен договор, кој досега само го поздрави единствено Израел.

Аналитичари исто така очекуваат за Трамп вообичаено пренагласување и преувеличување на неговите квалитети и успеси во Белата куќа.

Сепак, не успеа да ја исполни целта за раст од три проценти што сам на себе си го постави додека се зголемува националниот долг.

Во исто време, за време на неговото присуство во Белата куќа, присуството на американската војска на Блискиот исток се зголеми, наспроти ветувањата за прекин на војните таму.