Трамп вели дека ја заслужува Нобеловата награда, се жали дека никогаш нема да ја добие

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека ја заслужува Нобеловата награда за мир поради својата политика кон Сирија и Северна Кореја, меѓутоа истовремено изрази и ќалење што веројатно никогаш нема да ја добие.

Прес-конференцијата на републиканскиот претседател на САД, Доналд Трамп, заврши со неговото потсетување дека неговиот голем ривал и демократски претходник на должноста Барак Обама, во 2009 година ја доби Нобеловата награда за мир само неколку месеци по преземањето на претседателската должност и без никави активности во меѓународната политика.

„Му ја дадода на Обама. Не знаеше ниту за што му е доделена. Беше тука петнаесетина секунди и веќе му ја дадоа Нобеловата награда. Праша ‘А со што ја заслужив?’, напиша подоцна Трамп и се пожали дека „Јас веројатно никогаш нема да ја добијам“.

Трамп тврди дека спасил три милиона човечки животи во сириската покраина Идлиб која уште е во рацете на џихадистиките и сунитските бунтовници, кога ги предупредил Русија, Иран и Турција да не започнуваат офанзива во оваа покраина. „Но за тоа никој ништо не зборува“, додаде американскиот претседател. Нападите од коалицијата предводена од САД беа продолжени во Идлиб, но како што тврди биле само „хируршки“.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе му го дал „најубавиот примерок“ на писмо на пет страници со коешто го номинира како кандидат за Нобеловата награда за миор, бидејќи ги започна разговорите за ублажување на тензиите со Северна Кореја, и денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

„А знаете зошто? Бидејќи (Северна Кореја) има бродови носачи на ракети и има прокетили кои може да ја досегнат Јапонија. Сега, наеднаш, се чувствуваат добро. Се чувствуваат безбедни. Јас го сторив тоа“, изјави Трамо додавајќи дека администрацијата на Обама „тоа никогаш не би била кадра тоа да го стори“.

„И многу други луѓе го мислат истото. Јас веројатно никогаш нема да ја добијам. Но тоа е во ред“, рече Трамп.

Белата куќа одбила за медиумите да ги коментира тврдењата на претседателот дека јапонскиот премиер го номинирал за Нобеловата награда за мир, а портпаролот во јапонската амбасада во Вашингтон рекол дека нема сознанија за постоењето на такво писмо.

Јужнокорејскиот премиер Мун Џае-ин уште минатаа година изјави дека Доналд Трамп ја заслужува Нобеловата награда, затоа што се зазема за преговори и за ставање крај на севернокорејската програма за развој на нуклеарно оружје.

Трамп повторно треба да се сретне со севернокорејскиот членик Ким Џонг-ун во виетнамски Ханој на 27-ми и 28-ми февруари и да разговара за нуклеарното прашање. За нивниот први состанок ланскиот јуни во Сингапур рече дека е претставува триумф, но неговите критичари тврдат дека не добил никаков резултат во врска со денукеларизацијата. Трамп во петокот рече и дека воспоставил добри односи со Ким.

„Многу го сакам, а и тој мене“, изјави Трамп и се присети на својот прв тврд пристап кон водачот на оваа изолирана комунистичка земја и повтори некои реченици со кои тогаш се нафрлуваше на Ким. „Тоа беше многу остар дијалог во почетокот. ‘Оган и гнев’, ‘Тотално уништување’, ‘Моето копче е поголемо од твоето’, а ‘Покрај тоа, моето копче фунцкионира’. Се сеќавате ли на тоа? Не се сеќавате. А луѓето рекоа Трамп е луд“.