Трамп вели дека Кина сака трговски договор, и можеби нема да има нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека Кина испратила список со работи коишто е подготвена да ги стори за да се разрешат трговските тензии со САД, поради што Вашингтон можеби нема да воведе нови царини, но и додаде дека ситуацијата за него се’ уште не е прифатлива.

„Кина сака да постигне договор. Ни испратија список со работи кои се подготвени да ги сторат, што претставува голема листа, но тоа се’ уште мене не ми е прифатливо“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите во Белата куќа.

Додал дека листата со 142 ставки е „доста потполна“, но „постојат четири или пет големи работи кои ги нема“. „Мислам дека и нив ќе ги добиеме“, рекол уште Трамп.

Пренабрегнувајќи ги многубројните предупредувања од економистите и глобалните компании, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царински давачки од 10 отсто на 200 милијарди долари увоз од Кина. Пекинг, возврати во истиот момент со наметнување нови царински намети од 5 до 10 отсто на американски производи кои претставуваат 60 милијарди долари годишен увоз во Кина,

Американскиот претседател уште ова лето воведе царини од 25 отсто на 50 милијарди долари кинески производи. Соочен со идентична одмазда од Пекинг, одлучи да оцарини дополнителни кинеските производи вредни од 200 милијарди долари. Вашингтон од март воведе царини под изговорот „национална безбедност“ челик и алуминиум кој увезува на ниво од 25 отсто односно 10 отсто.

Трамп се закануваше дека ќе воведе царини и на преостанатиот кинески извоз во САД, кој вреди околу 267 милијарди долари, доколку Кина не ги задоволи американските барања.

„Можеби нема да мора тоа да го сториме… Кина ќе сака да постигне д во поговор“, рекол Трамп за новинарите во петокот.