Трамп ветува ‘луда’ вечер на Флорида

69

„Ќе биде лудо“, порача американскиот претседаетл Доналд Трамп кој во вторникот вечерта во Орландо на Флорида официјално ќе ја започне трката за претседателските избори во 2020 година.

Републиканскиот милијардер чијашто поддршка често варира во анкетите, добро знае дека мора да се наметне во „Сончевата држава“, доколку сака да го освои вториот мандат во Белата куча, како и тројцата негови претходници: Барак Обама, Џорџ В, Буш помладиот и Бил Клинтон. Околу 20.000 луше се олекуваат во Емвеј Центарот, каде што кошаркарскиот клуб Орландо Меџик ги игра домашните натпревари во НБА лигата.

„Лажните вести не зборуваат за тоа, но одуѓевувањето во Републиканската партија е на врвот. Погледнете што моментално се случува во Орландо! Такво нешто не е видено (освен ако не свирите на гитара)“, напиша во објавата на Twitter 73-годишниот претседател неколку часа пред со авионот Air Force One“, оценувајќи дека само рок концерт може да предизвика поголемо одешување.

Веќе е познато дека во говорот кој започнува во 20 часто по локално време, 22 часот по средноевропско време, овој деловен човек од Њујорк кој е постојано во предизборна кампања, ќе ја објави својата кандидатура. Се чини дека Доналд Трамп, кој во трката во 2016 година се претстави како кандидат против системот и против елитите, е решителен да го задржи тонот и држањето на аутсајдер, но по неколкуј години на власт работите се поинакви.

„Вториот пат сте ранливи“, оценува историчарот Џулиен Зелизер од Универзитетот Принстон.

Се претпоставува дека Трамп во својот говор сигурно ќе ги истакне своите успеси и ќе се пофали со бројките коишто тој вообичаено ги нарекува „Трампова економија“ и оти ќе се закани со апокалиптични сценарија доколку биде иселен од Белата куќа од некој претставник на Демократската партија.

„Доколку во 2020 година кој и да е друг дојде на власт, ќе се случи берзански крај каков уште не е виден“, објави во пораката на Twitter Трамп минатиот викенд.

На Флорида ќе допатуваат и потпретседателот Мајк Пенс и прата дама Меланија Трамп.

Собирот на Флорида, бездруго ќе биде критикуван од противниците на Трамп која најавуваат свои протесни собири во центарот на градот. Над Орландо ќе биде пуштена водушната кукла „бебето Трамп“, голем балон кој ги прикажува Доналд Трамп како налутено дете со мобилен телефон.

Осум дена по овој собир, во Мајами, тристотини километри појјужно, ќе се состанат дваесетина кондидати на Демократската партија кои ќе се соочат на партиските предизбори.

Малку повеќе од 500 дена пред изборите, анкети на национално ниво претскажуваат дека Доналд Трамп ќе претрпи тежок пораз. Но така беше и во анкетите пред изборите во 2016 година.

Демократите своите надежи ги темелат на изборите на средината на мандатот кои покажаа дека јакне поддршката за нив во ткн Појас на ‘рѓата (Rust belt). Флоридата со своите 29 електорски гласови е важна сојузна држава во американските претседателски избори. На Флорида во 2000 година се случуваше вистинска драма коај Врховниот суд, по неверојатниот повеќенеделен заплет, прогласи победа на Џорџ В. Буш над Ал Гор со 537 гласови предност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.