Трамп во Давос за своите успеси и напад врз пророците на еколошките катастрофи

Успешноста на американската економија под сегашната администрација е модел кој светот треба да го следи, изјави во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос, и ги отфрли предвидувањата на еколошкиет активисти кои ги нарече „вечни пророриц на катастрофи“.

Трамп во швајцарски Давос во говорот пред челниците на држави и на големи светски корпорации го презема заслугите за дерегулацијата на американската економија, постигнувањата на трговските договори и создавање деловни можности за обичните работници и нивните семејства, пренесува германската агенција DPA.

„Годините на економската стагнација ги замени разгоропадениот гејзер на економските можности. Времето на скептицизмот минат. На сите компании кои бараат можност за успех им порачувам, нема подобро место за тоа од САД“, им порача Трампо на оние кои немаат доверба во неговата влада.

Американскиот челник рече дека неодмана потпишаните трговски договори со Кина, како и со Канада и со Мексико, претствуваат модел 21-от век. Им се заблагодари на прекуокеанските компании за инвестирањето во САД и истакна дека неговата држава економски стои многу подобро откоклу што самиот очекуваше кога пред три години ја презема власта, пренесува бротански Reuters.

 

Климатски промени

На собирот кој ќе го одбележат прашањата за климатските промени и на кои втора година со ред учествува младата еколошка активистка Грета Туберг, Трамп зборуваше за економската важноста на нафтата и гасто, и ја истакна енергетската независност на својата земја.

Грета Тунберг беше во публиката во текот на говорот на американскиот претседател кој најави дека САД ќе се придружат на иницијативата на Форумот за садењето на „билион стебла“.

„Голем поборник сум на природната средина. Ги сакам најчистите вода и воздух“, рече Трамп истовремено натрекувајќи го еколошките активисти „вечни пророци на катастрофи“.

„Мораме да ги отфрлиме вечните пророци на катастрофи и нивните апокалиптични предфвидувања“, рече Трамп, кого го цитира француската новинска агенција AFP.

Грета Тунберг треба попладнево во Давос да го отвори панелот „Да се избегне климатската апокалипса“.

Економистот добитник на Нобеловата награда, Џозеф Стиглиц, исто така, присутен во Давос, оцени дека Трамо со својот говор „лажно ја прикажал“ состојбата на американската економија. Потоа го критикуваше Трамп бидејќи во говорот не се осврнал на прашањата од климатските промени“. „Како она што го гледаме со своите очии да не е пред нас. Тоа е неверојатно“, рече Стиглиц.