Трамп во Ирак ја бранеше одлуката за американското повлекување од Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата, во текот на својата нанадејна посета на Ирак ја бранеше одлуката за повлекувањето на американските војници од соседам Сирија, порачувајќи дека многумина ќе почнат да размислуваат како него.

Минатата седмица американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано ја донесе одлуката, според процените, сите околу 2.500 американски војници да ја напуштат Сирија прогласувајќи дефинитивен воен пораз на џихадистичката групација Исламска држава, но спротивно од советите на неговите помошнции и команданти. Меѓу нив беше и генералот министер за одбрана Џим Матис, кој откако Трамп најави дека ќе биде пензиониран во февруари, следниот ден си поднесе оставка а писмото го објави во јавноста, потврдувајќи дека не се согласува со одлуката за полвекувањето на единците.

Трамп во Ирак откри дека на своите советници им рекол „да излеземе од Сирија“, дека потоа се обидувале да го наговорат да се откаже од оваа идеја, по што сепак се одлучил да ги повлече војниците, „Мислам дека многу луѓе ќе почнат да мислат како мене. Време е да почнеме да ја користиме главата“, рекол Трамп пред новинарите во воздухопловната база Ал Асад, коај се наоѓа источно од ирачката престолнина Багдад. Тој со првата дама Меланија таму мина три часа со американските војници во последните моменти од католички Божик.

Американскиот претседател истакна дека САД немаат план за повлекување на војнците од Ирак, додавајќи дека тамошните бази може да се користат за мисии во соседна Сирија, Претходно во средата беше најавено дека на ирачка територија ќе бидат подигнати уште две воени американски бази.

И со целосното повлекување од Сирија, во регионот на Блискиот исток ќе останат голем број американски војници, вклучително и 5.200 кои се наоѓаат во Ирак. Голем дел од американската воена кампања во Сирија се изведуваше со воздушни удари на авиони кои прво летаа од турската база Инџирлик, во Катар и другите земји на Блискиот исток,

Трамп порача дека нема да брза да номинира замена за Матис, првиот министер по неколку децении кои се реши да се повлече од позицијата поради несогласување со надворешната политика на претседателот. Трамп истакна дека заменикот министер Патрик Шанахан, кој во неделата го именуваше за вршител на должноста шеф на Пентагон од 1-ви јануари, на тоа позиција би можел да остане „долго време“.