Трамп во Лондон ги нападна Макрон и ЕУ, се претстави како „фан“ на брегзитот и зборуваше за „човекот ракета“

Американскиот преседател Доналд Трамп во вторникот директно го нападна францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот со кој во Лондон ќе бидат одбележани 70-те години од создавање на НАТО пактот, со што се навестува тензична средба со сојузниците која се случува и во онака напната атмисфера.

Според изјавите од понеделникот, се чини дека одбележувањето на јубилејот на Алијансата нема да мине во свечена атмосфера, имајќи ги предвид несогласувањата во врска со Сирија и со финансирањето на организацијата, а францускиот претседател Емануел Макрон додаде масло на огнот оценувајќи дека сојузот формиран во 1949 година е во состојба на „клиничка смрт“.

Уште пред официјалните средби во полн состав, во вторникот навечер во Бакингемскиот дворец и во среда во лускузниот голферски клуб крај Лондон, американскиот претседател ја критикуваше изјавата на Макрон нарекувајќи ја „многу навредлива“,. Тоа е „многу, многу пакосна изјава упатена до 28-те земји“, додаде на прес-конференцијата со генералнито секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Трамп рече дека е „многу изненаден“ од изјавата на Емануел Макрон, со кој треба да се сретне подоцна во вторникот и дека таа е „многу опасна“ за самата Франција. „НАТО никому не му е потребен толку колку што ѝ е потребен на Франција“, рече Трамп додавајќи дека на Франција, којашто со тешка мака се обидува да ги протурка реформите на гломазниот државен сектрор „економски не ѝ оди баш најдобро“.

Покрај тоа остро ја критикуваше подготвеноста на Франција да ги оданочува големите американски технолошки компании, како Amazon, Apple, Facebook и Google. „Франција води дискриминаторска политика против дигиталните американски компании, а како одоговор на тоа САД може да воведат давачки до 100 отсто на франциски стоки во вредност до 2,4 милијарди долари“, се предупредува во соопштението на американскиот трговски претставник од понеделникот.

Домаќинот на самитот, британскиот премиер Борис Џонсон, како што рече неговиот портпарол, ќе ги повика 29-те земји да останат „обединети за да НАТО може да се прилагоди на идните предицици“. Меѓутоа, меѓусебните навреди летаат од мината седмица. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одговарајќи на изјавите на Макрон за НАТО и турската воена интервенција во Сирија му порача „прво да си го преиспитате својот мозок“. Двајцата претседатели треба да се сретнат во вторник попладнето да се сретнат со Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат за Сирија.

Покрај овој потенцијално тензичен состанок, главна непозната се ставовивте на Доналд Трамп. Нековите први настапи пред самитот ја одредува насоката по кои ќе одат другите учесници во своите настапи, како минатата година кога ја критикуваше Ангела Меркел.

Трамп го поддржува брегзитот и го фали Џонсон

Освен нападот на Франција, Трамп во 52-те минути пред новинарите отвори и други теми, бранејќи ги Иранците „убиени само затоа што протестирале“ и изразувајќи сомневање во надежа за постигнвуање трговски договор со Кина велејќи дека тоа може да го почека неговито евентуален реизбор следната година.

Трамп треба да се сретне со британскиот премиер, за кого рече дека е „многу способен“, но истакна дека не сака „да се меша во неговите избор“, а потврди дека е наклонет на брегзитот чиј главен промотор е Џонсон.

„Јас сум поддржувач на брегзитот… Борис Џонсон работи добро, тој е многу способен. Но, не сакам да се мешам во изборите во Велика Британија, тие се многу важни (за Британија на 12-ти декември)“, рече Трамп во Лондон.

„Не сакам да ја усложнувам ситуацијата. Победив на многу избори за многумина. Нема да се мешам во овие избори. Јас сум фан на бргзитот, повикував на тоа. Бев тука, ме прашуваа дали ќе се случи, јас реков ‘да’, тие се насмевнаа, тоа едноставно беше мое мислење. Ќе останам настрана, но Борис е многи способен и мислам дека ќе стори сѐ што е добро“, рече Трамп во пресрет на самитот на челниците на НАТО.

 

Ким многу сака да лансира

Трамп, исто така, рече дека сѐ уште има доверба во севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, но забечежа дека тој „сака да лансира ракети“.

„Имам доверба во него, но тој очигледно сака да лансира ракети. Затоа го нарекувам Рокитмен“, рече Трамп.

И покрај искажаната доверба, американскиот претседател не ја исклучи можноста од употреба на воена сила против Северна Кореја, доколку е потребно.

„Доколку е неопходно да користиме воена сила, тогаш ние ќе ја искористиме“, додаде американскиот претседател, но повтори оти се надева дека Ким ќе го денуклеаризира Корејскиот полуостров. „Ќе дознаеме“, рече.

Северна Кореја минатата седмица истрела нови два проектила соп кус дострел од својот источен брег. Највното тестирање се смета за обид да се потсетат САД дека се ближи крајот на годинаита и рокот до кој Вашингтон треба да ја покаже флексибилноста во запирањето на преговорите за денуклеаризација. Пјонгјанг претходно во вторникот ги обвини САД дека се обидуваат да ги одолговлекуваат преговорите поради американските претседателски избори следната година.

Трамп, исто така, рече дека напредуваат преговорите со Јужна Кореја и со Јапонија за преземање поголеми трошоци за сместувањето на американските војници во овие земји.

„Сеул се соглас минатата година да плати речиси 500 милиони долари повеќе за американската „заштита“, рече Трамп и додаде дека САД бараат преземање дополнтиелни обврски.

„За тоа може да се дискутира. Може да се оди во двете насоки, а имам аргументи и за двете“, одговори на новинарско прашање дали сместувањето на американските војници на Корејскиот полуостров е во националниот интерес на САД,. „Ако го сториме тоа, тогаш товарот треба поправедно да се распореди“, рече Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.