Трамп во посета на Франција го нападна домаќинот Макрон: Платете за НАТО!

Уште неслетан во Париз Доналд Трамп го нападна својот домаќин. Макрон да го плати тоа што го должи на НАТО.

Американскиот претседател се приклучи во одбележувањето на 100 годишнината од крајот на Правата светска војна. Но, тркалата на Air Force One штотуку го допреа француското тло, а Трамп веќе беше полемичен во своите вообичаени твитер препукувања.

Бесот на Трамп наводно бил предизвикан од последното интервју на Макрон каде тој повика на создавање на вистинска европска војска. Официјален Париз се обиде да ја смири ситуацијата објаснувајќи дека Макрон не бил добро разбран. Оттаму појаснија дека кога Макрон говорел за европска заштита од Кина, Русија и САД, дека Макрон мислел на сајберпросторот.

Во заедничката средба во Елисејската палата Трамп со поблаг тон го повтори својот став.

Се разбираме од аспект на фер однос и сакам да имаме фер однос, сакаме да и помогнеме на Европа, но тоа мора да биде фер однос. Моментално товарот на трошоците во најголем дел паѓа врз САД. Како што кажа претседателот, тој го разбира тоа, и тој разбира дека има граници што можат САД да направат, според интересите на САД“.

Веќе непоправливо е променет тонот на билатералните односи, од посетата на Трамп лани, кога беше фасциниран од воената парада под повод националниот празник и Падот на Бастиља. Со тоа, пропадната е целосно илузијата на Макрон дека може да изгради специјален и личен однос со Трамп и да го манипулира скокоткајќи ја неговата ванитозност. Но, некои илузии кратко трајат, и Макрон мораше да се помири: Трамп не дозволува неговата нарцисоидност да го неутрализира неговиот национализам.

Се разбира, јас ќе ги споделам со претседателот Трамп предлозите за Европските стратешки капацитети, и за Европа која го презема својот дел од товарот во рамките на НАТО. Многу ми е мило да му посакам повторно добредојде на мојот пријател, претседателот Трамп“.

Макрон се надеваше дека заедничката тет-а-тет средба ќе биде увертира за мини самит помеѓу Трамп и Путин во недела. Но, изгледа ништо од тоа. Путин и Трамп на крај на месецот ќе се сретнат во Буенос Аирес во рамките на Г20 самитот.

Трамп, изолационистот одби да учествува и на Мировниот форум, предвиден за утре, пред 2500 гости, кој Макрон и Меркел сакаа да го употребат како своевидна платформа за промоција на мултилатерализмот.

Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон го ликвидираше присуството на Трамп со објаснување дека претседателот има многу други ургентни настани на кои мора да присуствува.

Трамп утре ќе одаде почит на американските гробишта.