Трамп: Во разговорите со Мексико за миграциите има напредок, но недоволен

Американскиот престседател Донал Трамп изјави во средата дека е постигнат напредок во разговорите со Мексико за запирање на приливот од мигранти во САД, но дека гоколку во продолжение од преговорите не се дојде до договор, во понеделник ќе почне примената на прописите за наплата на 5 отсто царина за мексиканските стоки.

„Дискусијата за доселувањето во Белата куќа со претставниците на Мексико заврши денеска. Се напредува, но не и доволно. Разговорите со Мексико ќе продолжат утре со разбирање дека, доколку не дојде до договор, царините од пет осто почнуваат во понеделник со месечните зголемување според распоредот“, објави Трамп на Twitter.

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, изјави, пак, дека состаноко бил концентриран на миграциските текови и отна пто Мексико се обидува да го стори за да ги забави.

„Денеска не расправаме за тарифите. Разоговот беше насочен на миграциските текови и она што Мексико го прави или им го предлага на Соединетите држави, како и на нашата загриженост поради ситуацијата во Централна Америка“, рекол Ебрар на прес-конференција по средбата со американските функционери во Вашингтон.

Претседателот Трамп најави зголемување на царините за мексиканските стоки од пет отсто, со понатамошен периодичен раст до дури 25 отсто до крајот на годината. Целта на администрацијата во Вашингтон е да се притистнат властете во Мексико да ги запрат мигрантите кои нелегално ја минуваат јужната американска граница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.