Трамп води во округот Виго, каде историски се предвидувал победникот на изборите

Актеулниот републикански претседател Доналд Трамп, по обработката на 45 отсто од гласовите, има предност пред демократскиот предизвикувач Џо Бајден во округот Виго во сојузната држава Индијана, чиишто жители речиси на сите претседателски избори со своите гласови го предвидувале севкупниот победник во трката за Белата куќа.

Според последните податоци кои ги објави телевизиската мрежа Fox News, во Виго од досега обработениот избирачки материјал 54 отсто од гласовите одат на контото на Трамп, додека 44 остсто од гласовите се дадени во поддршка на Бајден.

Секако, до конечното пребројување на сите гласови, можни се измени, а доколку се имаат предвид досега многу пресврти во одредени пресеци од обработката на гласовите, и во Виго е можна тесна трка.

Според анкетата од крајот на октомври, избирачите од овој округ биле поделени подеднакво меѓу Трамп и Бајден.

Податоците кажуваат дека од 1888 година на изборите во Виго, со исклучок на само два изборни циклуса, определбата на гласачите во овој округ секогаш се совпаѓале со конечниот исход од претседателските избори. Локалните жители гласале „точно“ 31 од 33 пати, од кои 16 избори по ред. Исклучоците се случиле во 1908 година, кога Виго гласал за поддшка на Вилијам Брајан наместо победникот Вилијам Тафт, и во 1952 година кога во мнозинство се определите за кандидатот Адлај Стовенсон, а претседател станал Двајт Ајзенхауер.