Трамп возврати: Обама беше многу неспособен

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата возврати на критиките од неговиот претходник Барак Обама и рече дека демократскиот претседател бил многу неспособен, одговарајќи на индиректните критики дека републиканецот не знае да управува со земјата во време на криза.

„Повеќе од што и да е друго, оваа пандемија во потполност и конечни ја тргна завестата над идејата дека многумина на јавни функции знаат што работат. Некои од нив дури не се ни преправаат дека знаат“, изјави Обама во саботата во една од ретките јавни критики за актуелната администрација.

На враќањето од Кем Дејвид, каде што престојуваше во текот на викендот, Трамо рече дека не го видел говорот на Обама,

„Видете, беше неккомпетентнен претседател. Тоа е сѐ што можам да кажам. Многу некомпетентен“, изјави Трамп за новинарите.

Трамп минатата седмица го нападна Обама, како и неговиот потпретседател Џо Бајден, со кого веројатно ќе се соочи на претседателските избори во ноември годинава, за големи афери и злоупотреби на позициите,

Трамп тврди дека Обама и Бајден знаеле и дури наредиле Федералното истражно биро (FBI) да го истражува пензионираниот генерал Мајкл Флин, поранепен советник за национална безбедност на републиканскиот претседател, кој во договор со судор во 2017 година признал дека не ја кажал целата вистина на FBI за разговори со рускиот амбасадор во САД пред Трамп да ја преземе должноста.

Неодамна државниот обвинител Вилијам Бар го отфрли случајот против Флин, поради негово доведување во заблуда, и измама од страна на агенти, но судијата кому му е доделен случајот сепак може да изрече пресуда.

Трамп ги обвини Обама и Бајден дека незаконски наредиле шпионирање на Флин, како член на неговиот изборен штаб, за да ја компромитираат неговата кампања. Трамп овој скандал го нарекува „Обамагејт“, алудирајќи на аферата „Вотергејт“ кога во време на републиканскиот претседател Ричард Никсон било прислушувано седиштетот на Демократската партија, по што Никсон поднесе оставка.

Трамп тврди дека „Обамагејт“ е поголема афера од „Вотергејт“, вклучително и недокажаните обвинувања и истрагата за наводната поврзаност на неговата кампања со Москва.

Ја нарече истрагата против Флин „најголема политичка измама во историјата“ во интервју за Fox News,. „Сето тоа ви е Обама. Тоа е и Бајден. Тие луѓе се корумпирани. Целата работа е корумпирана и ја фативме“, рече Трамп.

Подоцна Трамп им се заблагодари на Обама и Бајден на Twitter, и напиша дека нивните постапки ја помагаат неговата кампања.

„Запаметете, (Обама) и Заспаниот Џо (Бајден) се причините зошто сум јас во Белата куќа“, напиша Трамп.

Трамп, исто така, повеќепати истакнуваше дека Обама е делумно одговоре за кризата предизвикана со епидемијата на коронавирусот, поради лошиот одговор на здравствениот систем на епидемијата на свинскиот грип.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.