Трамп: Вреј не може да ја поправи ситуацијата во FBI по критичкиот извештај

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше во вторникот директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Кристофер Вреј, ден откако надзерното тело на министерството за правда објави дека не се најдени докази за политичка пристрасност во истрагата на Бирот за наводните на претседателската кампања на Трамп со Русија во 2016 година но дека имало големи неосновани грешки, и откако со извештајот не се согласија ниту главниот државен обвинител, ниту сојузниот обвинител кои ги истражуваат корените за истрагата против кампањата на Трамп.

Во понеделникот Кристофер Вреј во интервјуто за телевизиската мрежа ABC News призна бројни грешки кои надзорното тело ги пронашло и реке дека сериозно ќе ги сфати, но исто така рече дека главниот инспектор Мајкл Хоровиц открил дека истрагата е „покрената со соодветени искази и дозволи“,.

„Не знам кој извештај актуелниот директор на FBI, Кристифер Вреј го читал, но сигурно не она кој јас го добив. Со такво однесување никогаш нема да можеме да го поправиме FBI кој е тешко расипан и покра тоа што таму работат некои ид најдобрите мажи и жени“, возврти Трамп во вторникот на Twitter.

Главниот инспектор Хоровиц во извештајот објавен претходно во понеделникот истакна дека утврдил дека FBI имал втемелена правна причина да побара судска дозвола да започне надозр над Картер Пејџ, советник во кампањата на Трамп. Меѓутоа Хоровиц нашол вкупно 17 темелни грешки и пропусти во оригиналното барање и во сите следни обновувања на барањата упатен на Судот за странски разузнавачки надзор (FISA). Тие грешки направиле случајот да изгледа посилен отколку што бил, тврди Хоровиц.

Државниот обвинител Вилијам Бар, меѓутоа, рече дека извештајот „покажува јасна залоуптреба на процесот FISA“.

„Извештејот на главниот инспектор сега јасно покажува дека FBI покренал агресивна истрага за американската претседателска кампања на најслабиот сомнеж, којшто, според моето мислење, бил недоволен за да се оправдаат преземените мерки. Исто така, јасно е дека од нејзиниот почеток доказите сорбани со истрагата биле доследно ослободителни. Без оглед на тоа истрагата и надзорот се продолжени за цело време на кампањата и длабоко во време на администрацијата на претседателот Трамп“, се вели во писмената изјава на Бар.

Сојузниот обвинител Џон Дархам, кој ги исттражува корените на истрагата против кампањата на Трамп реагираше на извештајот на Хоровиц, велејќи дека тој не е точен поради ограничените информации на кои се заснова, додека кривичната истрага на Дархам нема ограничен досег и открила многу повеќе отколки онаа на Хоровиц, како и дека тоа му го кажал.

„Нашата истрага не е ограничена на информациите за дејстувањето на министерството за правда. Нашата истрага вклучи инфомрации од други лица и ентитети, како во САД, така и надвор од САД. Врз основа на доказите собрани досега и додека нашата истрага продолжува, минатиот месец го известивме главниот инспектор дека не се согалсуваме со некои од заклучоците во врска со основаноста и како започнал случајот на FBI“, рече Дархам.

Важен е фактот дека Бар и Дархам всушност ги оспоруваат заклучоците од извештајот на главниот инспектор, кој утврдил дека истрагата на FBI била оправдата вои дека не е утврдена пристрасност, имајќи ја предвид кривичната истрага на Дархам во кој тврди дека има далеку повеќе информации кои значително ги менуваат наодите во извештајот на главниот инспектор.

Портпаролката не Белата куќа, Стефани Гришам, го оцени извештајот од понеделникот на Надзорното тело на министерството за правосудство на САД како „шокантно“ и изјави дека Бирото „излегло вон контрола“ во времето на администрацијата на претходниот претседател демократот Барак Обама.

Истрагата беше покрената на основа на ткн Стилово досие, кое го нарачала кампањата на неговата тогашна демократска противкандидатка Хилари Клинтон и Демократскиот национален комитет (DNC), во настојувањата да дојдат до компромитирачки материјали и во кои поранешниот британски шпион Кристофер Стил изнел обвинувања за престојот на Трамп порано во Москва и за наводна поврзаност на неговата кампања со Русија, кои подоцна беа раскринкани како лаги.

Таканаречената „Руска истрага“ ја водеше специјалниот обвинител Роберт Мјулер откако во 2017 година беше сменет тогашниот челник на Федралното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, поради неподнигнување на обвинение со политичка заднина во случајот на користењето на приватен сервер и приватна електронска пошта од страна на Хилари Клинтон за официјални доверливи дипломатски преписки во периодот кога беше државна секретарка, а што е спротивно на американските закони. Истрагата на Мјулер неволно заклучи дека немало договор меѓу Русија и кампањата на Трамп, но специјалниот обвинител се обиде без докази во својот извештај да ја увери јавноста дека Москва сепак се мешала во американските избори во полза на републиканскиот претседател.