Трамп за Ким Џонг-Ун: Не го потценувајте, тој е во добра здравствена состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп, ги сопре шпекулациите во светските медиуми кои известуваа за наводно влошеното здравје за претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

Трамп на Твитер напиша статус за севернокорејскиот лидер, во кој побара од јавноста да не верува во шпекулациите дека е болен или починат.

-Ким Џонг-Ун е во добра здравствена состојба. Никогаш не го потценувајте! – напиша Трамп.

На почетокот на овој месец, некои западни медиуми повторно објавија дека Ким Џонг-Ун е во кома, а се споменува дека и неговата сестра Ким Јо-Џонг исто така не е видена подолго време.