Трамп за лансирањето на SpaceX: Триумфално враќање кон ѕвездите

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој саботното лансирање на вселенското летало на приватната компанија „SpaxeX“ го следеше од вселенскиот центар Кенеди, оцени дека станува збор за „триумфално враќање кон ѕвездите“ на САД.

„Се собравме на ова прекреано место, не само да го прославиме лансирањеот на новиот вселенски брод, туку и да го одбележиме смелото и триумфално враќање кон ѕвездите“, изјави Трамп.

„Претходните челници ги ставија САД во зависност од странски држави, кои ги испраќаа нашите астронаути во орбитата. Тоа веќе нема да се случува. Одново гордо ги лансираме американските астронаути ина мерикански ракети, најдобрите во светот и тука, на америнска територија“, изјави Трамп.

САД престанаа да испраќаат астронаути во Вселената во 2011 година, откако заврши програмата „Шатл“, и од тогаш на ISS испраќаа свои астронаути со руските бродови „Сојуз“. Во 2014 година американската агенција за вселенски истражувања NASA потпиша договори со неколку приватни американски компании за развој на летала со човечки екипаж, меѓу кои се „SpaceX“ и „Boeing“, со што се сака да се заврши зависноста од Русија за летовите до ISS.

Во саботата во 21,22 по македонско време од космодромот Кенеди на Флорида беше лансирана ракетата носач „Falcon 9“ која по 13 минути успешно во орбитата ја достави новата капсула „Crew Dragon“ со двајцата астронаути 53-годишниот Даг Харли и 49-годишниот Боб Бенкен, на патувањето кое треба да трае 19 часа кон Меѓународната вселенска станица (ISS), кога во недела леталот ќе пристане на орбиталната станица.