Трамп загуби поради неговата ароганција и агресија, смета Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, смета дека американскиот претседател, Доналд Трамп, загубил на претседателските избори поради својата прекумерна агресија и ароганција.

-Мислам дека тој беше поразен на овие избори и поради својот став, многу често премногу агресивен, многу често премногу арогантен изјави Берлускони за РАИ.

Берлускони оценува дека, доколку се исполни, намерата на избраниот претседател Џо Бајден да биде претседател на сите Американци, може „да биде добра за сите“.