Трамп заработил на демонстрантите: Соба на денот на протестот чинела 8.000 долари, наместо 500

Соби во хотелот на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп во Вашингтон, кои вообичаено чинат 500 долари за ноќ, на 5 јануари чинеле 7.500, а на 6 јануари 8.000 долари, пишува Ал Џазира.

На судењето на поранешниот претседател на САД Доналд трамп во Сенатот денеска се изнесуваат воведните зборови и аргументите на демократите за барањето за оставка, јавува репортер на Ал Џазира од Вашингтон.

Трамп се товари за една точка во обвинението – за потикнување на протест на 6 јануари, кога неговите следбеници упаднале во зградата на Конгресот во време на потврдување на резултатот од претседателските избори на кои победи Џо Бајден.