Трансферот на Санчез во Интер зависи од Мартиал

Трансферот на чилеанецот Алексис Санчез од Јунајтед во Интер е доведен под знак прашање доколку повредата на играчот на Манчестер, Мартиал се покаже како сериозна.

Интер сè уште работи на доведување на Алексис Санчез, но плановите може лесно да се расипат по повредата на Ентони Мартиал. Санчез беше чекор напред од трансферот во Интер на позајмица, со тоа што клубот од Милан имал право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

Мартиал се повреди на натпреварот против Кристал Палас и судбината на Санчез зависи од тежината на неговата повреда. Солскјаер, наводно, нема да го ослободи Чилеанецот ако се покаже дека Мартијал ќе паузира на подолг период, а доколку тој набрзо биде подготвен да се врати на теренот, тогаш Санчез ќе добие шанса да замине во Интер.