Анализи

Фрапантна промена на Данска која воведе гета во кои важат поинакви правила Трансформација на државата која беше симбол на мултикултуралноста

Трансформација на државата која беше симбол на мултикултуралноста

Поимот на данскиот идентитет во минатото се изразуваше во толеранцијата кон другите и поинаквите, но сликата на денешната Данска поприлично е сменета. Со ​​зголемување на влијанието на десничарските националисти, како популистичката Данска народна партија (ДПП), која по последните парламентарни избори, според бројот на освоените гласови е втора партија во земјата, во Данска дел од официјалната политика стануваат потези што порано би биле незамисливи.
Така Данска стана единствена земја во западниот свет која официјално вовела „гето“ – област чии жители живеат под различни правила од остатокот од земјата.

Сегашните закони предвидуваат децата од данските гета мораат од нивната прва година да поминат најмалку 25 часа неделно во државата градинка во која што се зборува дански. Според предложениот нов закон, кој доаѓа пред парламентот за гласање оваа есен, се предвидуваат дополнителни затворски казни за жителите на гетото ако бидат осудени за кривично дело, како и построги казни за кривични дела во рамките на територијата на гетото.

ДПП сака уште поголема контрола, па неодамна сугерираа за децата кои живеат во гетата да им се наметне полициски час, кој ќе се извршуват така што ќе им ставаат нараквици на зглобовите. Нацртот на новата  легислатива Владата ја оправдува со заштитата на данското општество и данските вредности. Противниците на ваквите мерки, пак, велат дека тоа е само оправдување за претворање на малцинствата во жртвени јагниња и продавање на ксенофобија за освојување на гласови.

Подрачјата на гетата се дефинирани со голем број на фактори, вклучувајќи ги приходите, невработеноста, стапката на криминал, семејна позадина и образовното ниво (иако се признава само образованието во данскиот систем, па лекар од Сирија, на пример, не може да се смета за образован стручњак без трансфер на дипломата).

Троелс Шулц Ларсен од Универзитетот Роскилде во Копенхаген нагласува дека политичарите постојано ги менуваат насоките со кои го дефинираат гетото и се смета дека во Данска се случува „политичка продукција на територијалната стигматизација“.

 

 

Мартин Хенриксен од ДПП е прилично искрен кога зборува за политиката за поддршка на гетоизација на Данска : не фантазираа за инаку прокламираната намера да се искорени криминалот, туку цели во срцето на она што му пречи на секој ксенофоб- идејата за една мултикултурална држава.

Во суштина, се надеваме дека ќе постигнеме некои луѓе кои се тука и живеат тука со многу генерации, можеби ќе почнат да се одрекнуваат од културата на нивните родители, баби и дедовци, изјави тој за Гардијан.

Хенриксен рече дека не ја смета за Данкинка било која муслиманка која носи шамија на главата, без оглед на нејзиното место на живеење, јазик или посветеност на дански вредности.

Прво треба да ја тргне марамата, вели  Хенриксен, кој е еден од политичарите кои ја протуркаа забрана за никаб, шамија што го покрива целото лице, а еден од следните неговите цели е да се ограничи хиџаб, шамија што ја покрива главата.

 

Политичарите како Хенриксен се обидува да ги игнорира Ајах (37) која носи никаб и лута е поради новиот закон кој овој месец стапи во сила.

Ова не е мојата Данска. Моите родители се Данци. Јас сум родена овде и тука израснав,  но ова не е земјата каде што пораснав. Тие ја променија. Тие зборуваат многу за омраза, изјави Ајах за Гардијан.

Таа е решена да се спротивстави и да го живее својот живот и покрај се посилните злоставувања, кои вклучуваат  викање или плукање. Aјах, исто така биле на протести, па  Данска ја обиколила фотографија на која плаче под никабот додека прегрнува полицајка. Данска е земја која ја сака и за која сака да се бори.

Кој ме угнетува? Јас немам маж, немам муслиманско семејство. Воспитана сум така што можам да одберам било што, дека сум слободна како Данкинка. Но кога ќе го одберам никабот, сфаќам дека тоа не е вистина, вели Ајах.

 

Уништувањето на мултикултурализмот врз кој се гради данското општество ќе има последици за луѓето како Алекс Јоргенсон,  шеф на здружението во Хусум, уште една ново гето покрај Копенхаген. Него, всушност, го загрижува како данското општество ќе реагира на одлуката на неговото семејство децата да добиваат арапски имиња според  традицијата на нивната мајка.

Стравува дека децата поради тоа ќе имаат проблеми додека не пораснат.

Гледам дека им е потешко на моите колеги, кои имаат исто образование, но нивните имиња не се етнички дански. Неверојатно дека тоа се уште се случува во 2018 година, но тоа е така, вели Јоргенсон.