Транспаренси интернешнал: Македонија за 2021 година се наоѓа помеѓу 87-95 место, остануваме помеѓу најкорумпираните држави во Европа!

50

Транспаренси Интернешнал во најновиот Индекс на корупцијата во светот објавен денеска наведува дека Република Македонија има индекс 39, и се наоѓа на средината на табелата, односно во овој извештај на ТИ, Македонија е сместена напозицијата од 87 до 95 место од 180 земји во светот.

Од земјите во регионот индекс од 39 има и Косово, а нешто полоши се Србија со 38 и Босна и Херцеговина со индекс 35. Подобро во оваа сфера стојат Црна Гора која има индекс 46 по што следат Романија и Бугарија со индекси 45, односно 42. Инаку, новиот Индекс на перцепција на корупцијата покажува дека нивоата на корупција остануваат во мирување ширум светот, при што 86 насто од земјите постигнале мал или никаков напредок во последните 10 години.

Транспаренси интернешнал открива дека земјите кои ги прекршуваат граѓанските слободи постојано постигнуваат пониски резултати. Самозадоволството во борбата против корупцијата ги влошува прекршувањата на човековите права и ја поткопува демократијата, предизвикувајќи маѓепсана спирала. Како што овие права и слободи еродираат и демократијата опаѓа, авторитаризмот го зазема своето место, придонесувајќи за уште повисоки нивоа на корупција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.