Траоре од Бурнмаут во Наполи

Хамед Траоре, 23-годишниот фудбалер од Брегот на слоновата коска, се пресели од Бурнмаут во Наполи до крајот на оваа сезона, објави италијанскиот фудбалски шампион.

Траоре потпиша за Наполи како играч на позајмица до крајот на оваа сезона со опција за откуп на договорот. Италијанските медиуми пренесуваат дека отштетата за играчот од средниот ред би изнесувала околу 25 милиони евра.

Траоре на тој начин ќе се врати во италијанското првенство каде веќе настапуваше за Сасуоло. Потоа беше позајмен, па продаден на Борнмаут. Играше и за Емполи.

Тој досега има девет настапи за репрезентацијата на Брегот на слоновата коска, но не се најде на списокот на учесници за африканското првенство што е во тек.

Актуелниот италијански првак Наполи моментално е само на осмото место со 31 бод, дури 20 помалку од лидерот Интер.