Трас во своeтo прво патување во странство ќе вети продолжување на помошта за Украина

Британската премиерка Лиз Трас на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации ќе вети дека следната година воената помош за Украина ќе биде на нивото од досегашните 2,3 милијарди фунти, или 2,6 милијарди евра, или дури и ќе го надмине таа сума, покажувајќи дека сака дополнително да ја зајакне поддршката за Киев во војната против Русија.

Трас на Генералното собрание на ОН ќе ги повика челниците на другите земји да помогнат да се намали „рускиот енергетски притисок“ врз Европа.

Британската премиерка отпатува во Њујорк само неколку часа по погребот на кралицата Елизабета Втора, означувајќи брзо враќање на британската политика која поради периодот на жалење по кралицата накусо паузираше.

Трас во Њујорк во средата ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе ја повтори својата поддршка за Украина.

„Ова е мојата порака до народот на Украина: Обединетото Кралство и натаму ќе биде со вас. Вашата безбедност е наша безбедност. Мораме да соработуваме и еднаш засекогаш на тоа да му ставиме крај“, мислејќи на зависноста од руските енергенси вели во писмената изјава Трас која во четврто треба да се обрати во ОН:

Велика Британија е вториот најголем донатори на оружје и финансии за Украина, по САД, и пред почнувањето на војната.

Втората голема задача на новата британска премиерка е да ги „препакува“ ткн „специјални односи“ со САД, кои се доведени во искушение по брегзитот и одлуката на Лондон за едностраната промена на протоколот во Северна Ирска што доведува до тензии со Европската унија.

Меѓутоа, како што наведува Трас, таа не очекува дека на оваа средба со Бајден ќе разговара и за трговскиот договор со САД.