Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Заев ја уби демократијата

Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Заев е најлошото за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Власта не покажа дека има мнозинство, владата на Заев е единствена која немаше пратеници да ја бранат.

-Владата на губитникот Заев е делегитимирана. Губитникот Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратебик. Вчера мораше да киднапира пратеник, за да може да продолжи да краде. Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност. Вчера Заев ја уби демократијата во државата. Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции како Транспаренси или на листите на списанијата како Економист, стои во соопштението на партијата.