Тренд на раст на коронаинфекциите во Британија, над 9.000 нови случаи

Велика Британија во неделата пријави нови 9.284 случаи на зараза со коронавирусот и шест смртни исходи како последица на компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19.

Иако бројот на новозаразените е понизок во споредба со последните денови седмицава, во Велика Британија последните седмици продолжува трендот на раст на заразите предизвикан со ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој првпат беше идентификуван во Индија.

Досега се идентификувни четирите епидемиски најопасните мутации на SARS-CoV-2: алфа (или британскиот сој – B.1.1.7), бета (јужноафриканскиот сој – B.1.351), гама (бразилскиот сој – P.1) и делта (индискиот сој – B.1.617.2).

Во Лондон во текот на викендот се спроведува кампањате за масовното вакцинирање против Covid-19. Британската влада настојува да ја забрза веќе профункционираната програма за вакцинирање за да се ограничи ширењето и влијаниет на делта варијантата на коронавирусот. Во Англија секое лице повозрасно од 18 години може да се пријави за имунизација.

Влаата во неделата соопшти дека 81,6 отсто од возрасното британско население ја примило првата доза од вакцините, а 59,5 проценти се целосно вакцинирани со двете дози.

Премиерот Борис Џонсон минатата седмица изјави дека покренувањето на стопанството, односно укинувањето на „затворањето“, кое требаше да почне во понеделникот, се одложува до 19-ти јули за што повеќе луѓе може да се вакцинираат и за да се намали ризикот од преоптоварување на здравствениот систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.