Трендафилова: Кому му смета успехот на телевизија Нова

Неоснованото постапување на СЈО телевизија Нова го смета како директен атакт врз нашиот медиум. Какo главен и одговорен уредник би прашала кому му смета успехот на телевизија Нова, медиум кој за само година и неколку месеци навистина покажа дека во Македонија е потребен еден ваков тип на медиум, изјави главниот и одговорен уредник на телевизија Нова, Билјана Василева-Трендафилова.

-Медиум кој за само четиринаесет месеци успеа да посети педесет дестинации каде што се одржуваа светски настани, самити на шефови на држави и влади. Бевме на лице место на сите настани поголеми и дома, имавме многу значајни моменти кои ги пренесувавме во живо и на нашите гледачи им ги пренесувавме први информациите, а очигледно некому тоа му пречи, истакна Василева-Трендафилова.

Таа исто така го постави и прашањето зошто СЈО стави рака врз сопственикот на телевизија Нова, чие рабодење очигледно им смета и зошто не влезе во другите медиуми кои се финансирани од странски пари.

-Кому му пречи работењето на телевизија Нова, стана ли грев и луксуз во ова денешно време да се биде патриот и да се бранат националните интереси? Очигледно на телевизија Нова во живо можат да се видат и сите оние протести кои се одржуваат на кои големиот број граѓани го искажуваат нивното незадоволство, очигледно некому тоа му пречи посочи Василева-Трендафилова.

Таа им порача на своите гледачи да бидат спокојни и покрај директниот притисок кои тие го чувствуваат со оваа одлука и со постапувањето на СЈО и дека нивниот медиум ќе продолжи брзо, навремено и точно да ги информира нивните гледачи, бидејќи тие постојат за нив.