Тренерот на Ајакс јавно флертува со сопственикот на Тотенхем

Предводникот на актуелниот шампион на Холандија, Ајакс, Франк де Бур, призна дека е среќен поради пласираната информација дека лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е сериозно заинтересиран за неговите услуги.

„Ако постои некаков конкретен интерес, тогаш можам да кажам дека сум горд на тој интерес. Сепак, јас во овој момент, целосно сум фокусиран на мојот тим. Нормално дека раководните лица на Тотенхем мораат прво да разговаат со челниците на Ајакс, јас го немам последниот збор, се зависи од тоа дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик. Јас можам само да потврдам дека сум среќен во Амстердам и дека сум целосно посветен на Ајакс”, изјави Де Бур.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.