Тренерот на Баерн ја откри тактиката против ПСЖ

Ханс Флик, тренерот на Баерн Минхен, изјави дека неговиот тим ќе може да го победи Пари Сен Жермен само ако е на највисоко можно ниво.

– Ќе се обидеме да играме колку што е можно подобро, нашиот најдобар фудбал, и само ако го сториме тоа, ако дадеме 100 проценти, ќе можеме да победиме врвен тим како Пари Сен Жермен. Ги гледавме сите нивни натпревари и секако, тие имаат многу квалитет. Во тој поглед, тие се многу слични на Барселона. Важно е да ги пресечеме линиите и да не им се даде шанса да ја пренесат топката во нашиот простор. Имаат брзина и тие се врвен тим со неверојатни играчи, рече Флик на прес-конференцијата во Лисабон.

Тренерот на германскиот клуб изјави дека Баерн ќе се обиде да го наметне нивниот стил на игра.

– Во текот на претходните десет месеци се обидовме да го наметнеме нашиот стил на игра на секој натпревар и секогаш игравме високо. Досега имавме резултати, па нема да ја промениме тактиката премногу, рече Флик.

Флик изјави дека настапот на дефанзивецот Џером Боатенг, кој ќе тренира со тимот еден ден пред натпреварот, сè уште е неизвесен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.