Тренерот на „Милионерите“: Фудбалот без навивачи е многу смешен

Да беа нормални условите, вчера ќе беше величенствен ден во Дортмунд. Во рурското дерби Борусија го демолираше вечниот ривал Шалке со 4:0.

Се беше совршено, освен една работа: немаше „жив човек“ на трибините да се радува на головите. Наместо славниот „Жолт ѕид“, на играчите на Дортмунд никој не им аплаудираше што го декласираа лутиот ривал.

Затоа на тренерот на „Милионерите“, Лусиен Фавр тоа му е поголем впечаток од брилијантната игра на неговиот тим и убедливата победа.

„Го победивме Шалке со 4:0 и тоа е добра работа. Клучот е што целиот тим одигра добор, како во нападот, така и во одбраната. Но, немаше поддршка од трибините, немаше бука. Имавме два одлични шутеви на голот, постигнавме погодоци, имавме одлични додавања и – ништо. Многу, многу е смешно да се игра без навивачи. Многу ни недостасуваат. Сето ова изгледаше сосема поинако од она што би требало“, изјави по натпреварот Фавр.

Навивачи на натпреварите од Бундеслигата нема да има најмалку до крајот на оваа сезона. А многу лесно може да се случи да ги нема ни до крајот на календарската година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.