Тренов: Двојно повеќе средства за земјоделството во Буџетот за идната година

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ромео Тренов, на првото продолжение на Комисијата за финансирање и буџет расправаше за предлог Буџетот за 2015 година и својот говор го посвети во проектите и финансирањето на земјоделството во Македонија.Посветувајќи се на регионот од каде што доаѓа, Ново село, Босилово и Струмица, Тренов наброја многу проекти за кои се обезбедени средства од Програмата за рурален развој а се однесуваат на изградба на бодоводи и канализации, алфатирање на улици нови паркови, локални патишта, плоштади и шеталишта и други проекти кои ќе ги подобрат условите на граѓаните во многу села и населени места.

Тренов посочи дека македонската иднина е во развојот на руралните средини и истовремено ја пофали досегашната политика на Владата за посветеното внимание како досега така и со новиот Буџет за 2015 година.

Комисиската говорница Тренов ја искористи и да упати апел до градоначалниците на општините со што им порача:

-Упатувам апел до градоначалниците од цела држава да им дадат насоки на службите уредно да ги припремат документациите за проектите и да ги искористат финансиските средства од Програмата за рурален развој .

Како и досега тој ја пофали политиката на поддршка на земјоделството со што финансиските средства проектирани со новиот Буџет за 2015 година се двојно поголеми од ланските.

Исто така не беше изоставен ниту делот од буџетот во кој се издвоени значителен број на средства за македонското водостопанство кое што директно ќе влијае и врз развојот на руралните средини и земјоделството.