Трент Александер Арнолд нема да настапи на ЕП

Герет Саутгејт вчера го објави официјалниот список на играчи на кои ќе смета за престојното Европско првенство, список на кој се најде и младата ѕвезда на Ливерпул, Трент Александер Арнолд.

Токму за него многу се говореше во изминатиов период, поточно дали ќе се најде меѓу патниците на шампионатот за да на крајот сепак ја добие довербата на Саутгејт.

Сепак како што стоја работите десниот бек нема да го гледаме на ЕП, а причината за тоа е повредата со која се збоди на вчерашниот пријателски меч против Австрија.

Повеќе медиуми на островот и пошироко пренесуваат дека се работи за посериозна повреда поради која ќе мора да паузира од четири до чест недели што значи дефинитивно ќе отпадне од списокот кој пак сега ќе треба да биде дополнет од англискиот селектор.