Трет ден Ковачевски не се извинува за мизогините и шовинистички навреди – тоа е резултат на неговите комплекси, нервоза и некултура, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски трет ден не се извинува за мизогините изјави кои ги упати кон пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само покажува за какво ниво на некултура станува збор. Сексизмот и шовинизмот се недозволиви за никого, а најмалку за човек кој себе се прикажува за образуван, кој врши функција премиер и тоа го изрекува во Собранието, пред кое одговара за својата работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Коментарите за нечиј изглед и навредите кои Ковачевски ги упатува се резултат на неговата нервоза, на отсуството на аргументи и неспособноста да се носи со критиката за неговата работа. Очигледно Ковачевски со напади и навреди на пратенички лекува сопствени комплекси и фрустрации.

Зачудува и индолентноста на пратеничките од СДС, но и на т.н. невладините организации кои вообичаено знаат да бидат многу гласни, а сега овој скандал го премолчеа. Тоа само говори за двојните стандарди кои владеат во СДС и меѓу одредени опшествени субјекти кои работат на тастер и по нарачки. Тоа нека им служи на чест исто како што ќе му служи на чест на Ковачевски неговото безобразно и недолично однесување во Собранието, стои во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.