Трет ден по ред спасувачите трагаат по преживеан еден месец по ескплозијата во Бејрут

Чилеанските и либанските спасувачки служби трагаат во саботата, трет ден по ред, по потенцијално преживеан под урнатините во Бејрут, повеќе од еден месец по големата експлозија којашто го разори главниот град на Либан.

Бејрут на 4-ти август беше погоден од извонредно моќна експлозија во градското пристаниште, во која загинаа 190 лица, а повеќе од 6.000 беа ранети.

Инженерот Риад ал-Асад, кој соработува директно со либанската спасувачка служба, изјави дека чилеанските спасувачи направиле тест со своите иреди и дека „повторно слушнале респираторен сугнал“. Ал-Асад за германската новинска агенција DPA рекол дека спасувачите се обидуваат да му пристапат на изворот на сигналот од три различни меса.

По утринското затишје, работата продолжила во саботата во разорената област во бејрутската населба Гемазје.

„Сѐ уште работиме надевајќи се“, рекол либански волонтер на цивилната заштита на местото на трагањето.

Надежите за откривање на преживеан под урнатините се појавија во четвртокот кога чилеанските спасувачи и нивниот пес трагач детектирале знаци на живот под остатоците на станбена зграда во Гемајеза.

Франциско Лерманда, шеф на чилеанскиот спасувачки тим „Topos“, изјави за медиумите во петокот дека продолжуваат со работата, но дека не можат ниту да потврдат ниту да исклучат дека под урнатините има живо лице.