21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Трет ден продолжува потрагата по косовските полицајци, ангажирани и македонските „тигри“

Полициските екипи не се откажуваат – трет ден македонската полиција заедно со косовска ја продолжија потрагата по двајцата полицајци од Косово кои во саботата вечерта со возило излетале во реката лепенец, од косовската страна на границата, пренесува телевизија 24.

Припадниците на специјалната единица  „Тигри“  како што објавува телевизија 24 и денеска трагаа во водите на реката Лепенец на македонската страна, но не најдоа ништо. На местото на потрагата и денеска беше заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу кој посочи дека потрагата ќе продолжи сѐ додека не вроди со плод.

Двајцата полицајци, Малсор Шемседин-Даши и Арменд Мифаил-Трена, завчера излетаа од патот во провалија длабока 150 метри и завршија во водите на Лепенец.