Трет натпреварувачки ден на „Браќа Манаки“

57
Трет натпреварувачки ден на „Браќа Манаки“
Трет натпреварувачки ден на „Браќа Манаки“

Третиот натпреварувачки ден на ИФФК „Браќа Манаки“ на филмофилите им ги нуди францускиот филм „Тимбукту“ на Абдерхамин Сисако чиј кинематографер е Софиан Ел Фани и копродукцискиот филм „Земја и сенка“ на Цезар Августо Ацеведо во кој камерата му е доверена на Матео Гусман.

Освен филмовите во конкуренција, претпладнево во 11 часот ќе биде презентиран дел од опусот на карикатуристот, автор на бројни анимирани филмови Дарко Марковиќ кој како што е познато е годинашен лауреат и добитник на наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“ што ја додели Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Според програмата, денес на ИФФК „Браќа Манаки“ во чест на полскиот кинематографер Ришард Ленчевски добитник на годинешната награда за животно дело „Златна камера 300“ во големата сала на Центар за култура ќе биде емитуван филмот „Ида“.

За публиката од градот, државата и странство денес на реперотарот се и два македонски филмски производи, односно документарецот  „ТАТ – транзициска еуфорија или национална измама“ во режија на Сашо Миленковски, работен по сценарио на Петар Атанасовски и анимираниот филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ за кој сценариото го изработи Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а режијата е на Елеонора Венинова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.