Трет пораз во низа на Милан, Македонците во Серија А со променлив успех

ANSA / MATTEO BAZZI

Во последниот натпревар во неделата во рамките на шестото коло од италијанското фудбалско првенство, Милан на својот „Сан Сиро“ претрпи пораз од 1:3 од Фиорентина, што е третиот неуспех во серија, а поради што му се заканува отказ на тренерот Марко Санпаоли.

Гостите од Фиренца поведоа многу рано, во 15 минута кога Ериг Пулгар реализираше пенал. Во продолжението во 55 минута „Росонерите“ остана и без исклучениот Матео Мисачио, па на гостите не им беше тешко да го докрајчат противникот со головите на Гаетона Гастровили во 67 и Франк Рибери во 79 минута, а нецела минута подоцна поразот само го ублажи Рафаел Леао.

Милан со само две победи и четири победи од почетокот на првенството е на 16-то место со шест бодови, додека Форентина направи пробив кон првата половина на табелта, деветта е со осум бодови.

Претходно Наполи на Елиф Елмас ја победи со 2:1 Бреша, во мечот во кој „тешкото дете“ на италијанскиот фудбал Марио Балотели постигна погодок за гостите во 68 минута. Претходно стрелци за домашните беа Дриес Мартенс во 24 и Константинос Манолас во последната минута од првото полувреме.

Наполи со 12 бодови е на четвртата позиција, бод за Аталанта, четири зад вториот Јувентус и пет бодови помалку од максималниот водечки Интер. Бреша е 14-та во групата екипи со шест бодови.

Удинезе, за кој Илија Несторовски беше стартер и ги одигра сите 90 минути минимално ја совлада Болоња и ја прекина низата од четири средби последователно без победа. Минатото коло со ремито во Верона, пак, ја прекина низата од три пораза. Стрелец на единствениот погодок беше Стефано Окака во 28 минута.

Удинезе го поправи својот статус на табелата на Серија А, 11-ти е со седум бодови, а Болоња сега му бега само еден бод и е место погоре.

Џенова на Горан Пандев, кој играше само во вториот дел, доживеа нов убедлив пораз и ѝ претстои грчевита борба за опстанок. Поранешниот клуб на македонскиот капитен Лацио на својот терен во Рим славеше со 4:0, а стрелци беа Сергеј Милинковиќ Савиќ во 8, Стефан Раду во 41, Фелипе Касиедо во 60 и Чиро Имобиле во 79 минута.

Џенова со само една победа и двете ремија сезонава има пет бодови и е на 18-то место, кое води во плеј-оф за опстанок. Лацио, пак, привремено се искачи на шестото место со 10 бодови, но Торино има бод и меч помалку.

Победи и вториот клуб од главниот град, Рома беше подобра на гости кај Лече за голот што го постигна Един Џеко во 56 минута. „Волчицата“ собра 11 бодови и е петта, а Лече остана на шест бодови и на 17 место.

Калјари на домашен терен одигра без победник со Верона. Домашните поведоа во 29 минута преку Жоао Педро, а израмнувањето за гостите го донесе Давиде Фараони во 66 минута. Калјари има 10 бодови на седмото место, а Верона со шест бода е дестта.

Во саботата Аталанта лесно со 4:1 го совлада Саусуоло остварувајќи ја четвртата гостинска победа сезонава, Интер на гостувањето го совлада со 3:1 Сампродија, и остана максимален, а Јувентус со 2:0 дома го победи СПАЛ.

Во понеделник се игра дуелот Парма – Торино кој може да донесе поместувања на табелата во борбата за позициите кои водат во европските натпреварувања. Имено Торино моментлано е осмо со девет бодови, но доколку победи ќе има 12 и ќе се израмни со четвртиот Наполи и ќе ја прескокне петтата Рома, а со нерешен исход ќе им се придружи на Калјари и Лацио кои се седми односно шести на табелата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.