Трет триумф на Ѓоковиќ во низа на Вимблдон за 20-та Грен-слем титула

Најдобриот тенисер на светот, 34-годишниот Новак Ѓоковиќ третпат по ред а шести во кариерата ја освои титулата на Вимблдон совладувајќи го во неделата во финалето 25-годишниот Италијанец Матео Беретини со 6-7 (4), 6-4, 6-4, 6-3 по три часа и 24 минути игра.

За Новак Ѓоковиќ ова е 20-от трофеј на Грен-слем турнирите, со што им се придружи на Швајцарецот Роџер Федерер и на Шпанецот Рафаел Надал како сорекордер според бројот на победите на четирите најголеми светски турнири.

Дуелот започна добро за Ѓоковиќ, кој поведе со 4-1 со предност од еден „брејк“. Но Беретини при 2-5 со сервис спаси една сет-топка, а потоа го врати „брејкот“ и комплетираше пресврт со освојување на првиот сет во „тај-брекот“.

И покрај неочекуваното губење на првиот сет, Ѓоковиќ остана смирен и веднаш одговори со освојување на четири последователни гемови на почетокот од вториот свет. Беретини, како и во првиот сет, се закани со пресврт и дојде до 4-5, но Ѓоковиќ не ја испушти втората можност за затворање на сетотои израмнување во мечот.

Ѓоковиќ решавачкото одземање на противничкиот сервис го направи во ттретиот гем, а во шестиот извлече 15:40 и притоа мирно го спроведе на третиот сет до крајот.

Во четвртиот сет Беретини својата можноста ја имаше при водсво од 3-2 и 30:0 на сервис на Ѓоковиќ. Но кога се извлече од тоа, српскиот тенисер повеќе не запираше, ги освои сите гемови до крајот со уште два „брека“ стаса до новиот шести вимблдонски пехар, третиот во низа.

Со овој успех Ѓоковиќ е само третиот тенисер кому му успеало во ткн „Опен ера“ да врзе три победи на Вимблдон. Во целата историја пред него тоа им успеа на Швеѓанецот Бјорн Борг, на Американецот Пит Сампрас и на Швајцарецот Роџер Федерер.

Матео Беретини ќе остане запаметен како првиот италијански тенисер кој играл во финале на Вимблдон, но не успеа да стане и првиот Италијанец кој победил на Грен-слем турнир по 1976 година, кога Адријано Паната славеше на Ролан Гарос.