Трет заразен со Ковид-19 во НБА

Центарот за Детроит Пистонс Кристијан Вуд е тестиран позитивен за коронавирус, се вели во извештаите на американските медиуми. Тој е третиот познат НБА играч до денес со КОВИД-19 по Руди Гобер и Донован Мичел од Јута џез. Детроит потврди дека имаат играч со позитивен тест, но не го открија неговото име.

– Ги добивме тестовите денес (сабота) и тие се позитивни. Здравјето на нашите играчи, нашите членови, апсолутно сите во лигата и на оние кои се погодени од вирусот е од најголема важност за нас. Ние ќе ја продолжиме соработката со медицинската заедница. Тимот и самите здравствени власти се во изолација и ќе останат под внимателно набудување во наредните денови, соопштија од Детроит.

„Атлетик“ известува дека Вуд ги почуствувал симптомите на коронавирус во четвртокот и веднаш бил тестиран. Неговиот агент, Адам Пенсак, изјави за „Детроит њуз“ дека „тој е 100 проценти добро“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.