Трета Светска Војна – Втор Дел

2542

Држи го умот во адот и не очајувај – о.Силуан

Се предаваме, потполно, со душа и тело, кренавме раце без да бараме многу докази, но со премногу доверба во секој можен авторитет. Војната е сега глобална, нема бомби, но жртви има, така велат, затоа мора да се пазиме. Сите во сопствените ќелии. Сите среќни, убедени дека ако влеземе во нашите тапацирани лудачки соби, Големиот Брат и Сестра му Ороспија со Тапија ќе не заштитат, излечат, ма од мртви ќе не кренат. Лесно е да манипулираш со неверници.

Првата колумна ТСВ беше безобразно многу читана, напишана со многу компримирана енергија, повеќе на емоции, помалку рацио и иако ми импонира големото внимание, буквално ме загрижува, колку мои луѓе се во тешка сосотојба, психички, духовно и материјално.

Гледаме снимки од развиениот свет какви само се паметат од времето на недостаток на основни намирници во СССР, кога многумина животот им беше подесен во чекање по редови и многу книги беа прочитани. Во нашите златни времиња на Југославија, во редовите во бензин имам прочитано најмалку 6-7 книги, среќа, ептен убави. Една од нив беше култната серија на Исак Асимов, Foundation, СФ-епика, каде се говори за еден психио-историчар, Сидни Шелдон, кој има искучителна, скоро натприродна моќ, за перцепција на моделите на општеството да создава точни и прецизни математички модели како човештвото, раштркано ширум галаксијата, ќе се однесува и кон што ќе оди. Тезата се засноваѓе – колку повеќе луѓе – толку попрецизни модели. Кога ова СФ ремек-култно дело е напишано, планетава имала 2 милијарди и 300 иљади луѓе. Денес има преку 7, неговите роматични СФ тези денес се предмет на креирање на сериозни модели на глобални општествени „шифтови“.

Баталете теории на заговор, во кои, секако, има вистина, но нема да ја дознаете, никој и никогаш, колку и да ве убедуваат, затоа што таа и не се крие, вие не можете да ја препознаете. Бидеејки ако сакаш да сокриеш нешто стави го на виделина и никој нема да го земе за сериозно, но тоа не значи дека оние блуеници кои секојдневно ги препраќате и ви ги праќаат полу-приучени дека вие сте ја откриле вистината? Ви реков,  најголем трик на ѓаволот е да ве убеди дека не постои, а токму такво, атеистичко, општество изградивме.

Кога големиот брат ќе викне „АТОМСКИ С’ ЛЕВА“! Ти рипаш, се шлапнуеш у калта и не прашуеш дал требало. Сега и глобално докажавме дека сме учипени.

Ах, да се разбереме, опасност и болест постои, идеална за светски маневри и дресура на човештвото но доволно контролирани да преживее оној поволен дел, работоспособен, а болни и стари ги пуштаат низ реката Стикс. И не се чудете, вирусот е можеби природен, но добредошол во вистински миг за оние кои го владеат светот. Затоа е потполно најнебитна работа дали вирусот е крериан природно или вештачки. Ништо тоа не менува.

Па како успеаја преку ноќ да ни стават седло и да не припитомат? Со страв!

“I must not fear. Fear is the mind-killer. Fear is the little-death that brings total obliteration. I will face my fear. I will permit it to pass over me and through me. And when it has gone past I will turn the inner eye to see its path. Where the fear has gone there will be nothing. Only I will remain.” – Dune

A, нема поголем страв од страв од смртта, додуша поголем страв е од гладтта, но тешко можеш цела планета да ставиш во состојба на гладување. Но, со невидлив непријател, запечатени ковчези, и застрашувачи извештаији на вестите… језа. …Да се разбереме, има голем број на мртви и уште повеќе заразени, но сите се покоривме на авторитетите на кои слепо им веруваме. А, така е оти дебелиот ни задник го наполнивме со делиции, наместо фит и борба и билдање знаење и интелект. Наместо слободна мисла, негување традиција и кавлитетно водење живот, развивме општество на готовани во кое се експериментира со секоја можна перверзија, од педофилија, до зоофилија па и некои кои се толку гнасни да ни со латинско име не се кажуваат. Склучивме усмен додговор го ѓаволот за живот спокоен во какво-такво изобилие, со сите мераци и полека се човечко напуштивме и станавме мизерни конзументи кои успехот во животот го мерат со коли, мобилни, луксуз… И ден денес на оној подмолен криминалец со сомнителни хромозоми, пола народ му завидува на неговиот рекет во кој лапна 20 милиона… ова само кај нас, а тек во светот?!

Се шокираме дека јадел некој живи љиљаци!? Па, тоа е само грепка од перверзијата која ја развивме бегаајќи од вистинските вредности.

Никој и ништо не ни треба! Фамилија?!?! Кој е глуп во време на преубави и евтини машки и женски спонзоруши да се заробува во таков филм? Кога можам по цел ден да тинкам на твитер, инста, фб, да се тетовирам, менувам партнери кога сакам, колку сакам, со кого сакам, со што сакам и затоа бидам најпопуларен колку сум кул, ин, себичноста стана врвна доблест и ја нарековме слобода на зибор – фрајќи си ја слободата во ендек, станавме заробеници на ситни луксузи како статусен симбол.

Сеуште сите ве трујат со секакви совети како да одржите здравје, а тие само го „хранат“ вашиот ум со страв и панични напади, а телото го замастуваат. Навидум смирени, одвнатре… пекол… Но, ако е умот во пеколот, немојте да очајувате.

Ќе трае ова долго и ќе има долгорочни последици, погответе се за живот со малку повеќе само-жртва кога е прашање семејството, блиските, општеството, помалку трошење на луксуз и на расипништвото кое стана „меинстрим“. На планетарно ниво, социјалните разлики се неподносливо огромни и ќе ги има и натаму, за да ни дава чувство на завист и надеж во исто време, за да им бараме да можат тоталитарно да не владеат со ветување за еднаквост. Колку само среќни би биле сега, во овааа психоза да ни дојде вест како во 1945, да се изврши национализација и одземање на имоти, со што ама баш ништо нема да се смени, ама до последен здив да се ситиме дека оној, привилегираниот, е исто со нас во калта…тоа уште говори дека заслужуваме се што ни се случува. Ние не знаеме да ги видиме работите „одозгора“, „од десната страна“.

Но, по некоја промисла, како што почнаа постите, се смиривме и прибравме, „милом или силом“ скоро во секој поглед и како никогаш досега, со поголема подговетност ќе можеме да го прославиме она кое треба да ви е клуч за надминување на сите стравови – Христовото Воскресение, веста за Вечен Живот – Велигден.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.