Трета светска војна

Најголемиот трик на ѓаволот е да те убеди дека живееш во мир

Добредојдовте, додека убаво во нашата плитка параноја се плашевме од повторување на првите две светски војни, дека третата ќе биде со атомски бомби, радијации, нови оружја и масовнии уништувања од експлозии и ракети, пред нос ни се одигра најголемата експеримантална представа на глобално ниво – не’ воведоа во војна без испукан куршум… засега.

Повикувајќи се на сведоштвата на моите предци, животот во време на војна, ако не си бил директно на фронтот, не бил многу поразлично од ова, кое се повеќе оди кон се полошо, не од болеста, туку снабдувањето и рестрикциите. Овој свет кој има делови кои едвај преживуваат, први ќе почувствуваат што значи тоа да запре економијата-запира снабдувањето со храна. Прво што ќе направат властите секаде е замрзнување на цените – во истиот тој миг започнува недостаток за токму на тие производи и раст на сива економија. Шверцот ќе се рашири на се’ она што државата ќе се обиде да го контролира. Државата, секако се’ тоа го прави за наше добро, а во име на здравјето ги затвора границите, запира производството, ја кочи економијата… секако сетоа тоа со добри причини и нема избор, едноставно мора така и да постапи, но тоа ќе не’ доведе во едно познато минато време кога паметам замрзнати цени на деривати – колони на бензински пумпи, замрзнати цени на кафе – со наут, и шверцот го задоволуваше пазарот, демек…

Што мислите, зошто бевме абдали во времето на ЈУ да одиме во странство и купуваме, чоколади, облека, кафе и пијалаци? Едноставно моравме, сите го правевме, и денес се гордееме со тоа, но со полна уста си ја фалиме бившата ни ригорозна маќеа на Планинц и Доланц која дури Анте Марковиќ ја одзатна со либерализацијата. Но, овде имаме виша причина – болест! Опасноста од нејзиното ширење и ригорозни мерки да се сузбие… и ќе се се сузбие… потоа што? Колку време и со колкави последици ќе се покрене и врати економијата која веќе е во рецесија, но нас не интерсира гспапир, нели?

Што е состојба на војна?

Затворени граници, мобилизирано општество, безбедносни сили, воени структури, огранчување на движење, контрола врз секој сегмент на поединецот, логори, ригорозни мерки … се, само пукање нема. Малку наликува на СВОЗ на времето (сите во одбрана и зашптите) Пукањето е тивко, тоа е меѓу нас, со допир, пренесуваме еден на друг еден невидлив и реален непријател кој нема ровови, не фрла бомби, но вака-онака успева да си коси, бавно, полека, додека се натпреваруваме кој поголем мајтап ќе има на тема, но и тоа е ок, се е подобро од паника, очај и депресија.

Ќе има ли пукање?

НЕ! … засега … Самата болест напротив  не тера на прибраност, смирение, солидарност и таа ја има, се додека не снема тоалетна хартија … и некои многу поважни работи за битисување – храна! Не знам дали сме ја научиле лекцијата како човештво или сме дел од еден глобален експеримент за кој светот, двете, сега три најголеми сили мечтаат да им се врати уште од времето на Студената воја, поларизација за поголема контрола. Сега, без тенкови им ја дадовме се што толку многу ни беше важно, слободата и демократија, уплашени од вирусов урламе – „владејте не само да не се разболиме!“ Но, наскоро ќе биде, „прајте ни што сакате – само ‘гспапир’ да има“… кое уште побрзо ќе се замени со – „сечете, рака, давам бубрег“ – само храна да има. Генерации не знаат за немаштија, не знаат за глад, не знаат за борба за леб и не дај Боже да дознаат, но кога се затвораат граници, се затвораат цели индустриски гранки (со добра причина повторувам милијардити пат) јас и тоа како сум загрижен дека најлошото допрва доаѓа ако се фокусираме исклучиво на миење раце и седење дома.

Ќе започне прво кога државните паразити – судови, банки, извршители, после некој месец ќе почнат да тропаат на вратите на помали и поголеми фирми, ем поединци, барајќи си ги ратите, каматите е тогаш ќе биде шит-хит-д-фан, кога извршителите со судски пресуди ќе запленуваат.

Премногу непознати има и премногу варијабили и секој чекор која се воведува го вовоедуваат сите земји, морално, етички, практично оправдано, секако со повикот „да ја сузбиеме болеста, па ќе видиме се’ друго“… и така е, не знам за подобар начин или бласфемично е да кажам дека со добра информираност, мерки на претпазливост, еконопмијата и индустријата не смее да запре, во ниеден сегмент, а ние цела гранка – угостителство и туризам преку ноќ ја затворивме, без да вклучиме мозок со сердан помош на умрежените државни ботови кои на готовс чекаат да ве черчеат ако некој се спортистваи, како мене, на општото меме „ќути и не прашуј“, но, тоа сум јас… нејсе.

Не нема да почне прво кај нас, ќе гледаме примери во други земји, ќе почне во големите урбани центри по светот кои потполно и претерно зависат од секојдневно снабдување, колку они ќе издржат со затворени граници? Тоа, навистина не го знам.

Корона или Анархија?

И двете ни висат над глава како дамоклов меч, се надевам дека во сценариото на оваа експриментална перверзија сепак на крајот и крајната цел е нашата цивилизацика „раскалашност“ и арогнација, ќе научиме лекција без преголеми последици оти ако почнат нереди во светот тие исто ќе се шират како короната.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.