Трета вечер Моден викенд исполнета со дизајнерски имиња

Пролетното издание на Моден викенд Скопје продолжи со креациите на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, потоа на минатогодишните победници на „Поп!Мода“ и ревиите на петтмина македонски дизајнери, вчеравечер во салонот „Порше Македонија“.

Модното случување го отворија студентите на Факултетот за арт и дизајн : Милена Коцевска, Ивана Николова, Ана Камчева, Лаунтина Кица, Орнела Јорданова, Ана Лазова, Даниела Савиќ, Елмедина Ибиши, Ивана Костадинова и Анастасија Чадо.

По презентацијата на студентите следуваше моден перформанс на тројцата победници на минатогодишниот проект Поп!Мода! кои ги претставија капсулните колекции, Виктор Цветановски со pre-fall колекција, Ана Камчева со „Gravity“ и Алмир Мили со колекцијата „Русалка“.

Вечерта продложи со ревијата на Ирина Тошева со колекција за актуелната сезона, инспирирана од како што вели таа „мирис на носталгија , позната стара мелодија и старите фотографии од семејните албуми“.

Третата ревијална вечер на деветто издание на Моден викенд Скопје ја затвори групна модна ревија на Стефанија Насеска со колекцијата „Револуција “ за пролет/лето 2014 составена од 13 креации, Марјана Рујаноска со „Pureness“ за актуелната сезона, Бобан Илиевски со „Bohemian Chic“ кој одлучи колекцијата да ја продава по промотивни цени во кафулето „Концепт 37“. Никола Петровски и овојпат прикажа колекција за една сезона однапред и ги презентираше моделите за есен/зима ‘14/’15.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.