Tретина од жителите на Англија и Велс ќе бидат Азијци и Африканци до 2050

Етничката и расната сруктура на Велика Британија значително ќе се измени во следните три и пол децении. Се проценува дека до 2050-та година една третина од населението во Англија и Велс ќе бидат Азијци и Африканци.

Анализта покажува дека околу 24 отсто од доселените Пакистанци работат како таксисти, а дека 40 отсто од припадниците на црнечката заедница, живеат во социјални станови и куќи доделени од општините.

Преку 65 отсто од Индусите и Пакистанците поседуваат сопствен дом, а дури 70 проценти од младите Индуси го продолжуваат своето образование на универзитет, за разлика од 43 отсто од младите белци.

Натурализираните Британци од азиско и африканско потекло, а посебно генерациите кои се родени во Велика Британија, забрзано го зголемуваат своето влијание и во досега „чисто домашните работи“, како што е политиката, без разлика дали се јавуваат како гласачи на изборите или како луѓе вклучени во британската политика.