„Трето полувреме“ ќе го отвори 4. Биенале на израелски и еврејски филм во Франција

Македонскиот филм „ Трето полувреме “ ќе го отвори 4. Биенале на израелкиот и еврејскиот филм во Нанси, Франција, кое ќе се одржува од утре до 29 ноември, јавува дописникот на МИА од Париз.

На отворањето на Биеналето и на проекцијата на филмот се очекува да присуствува актерот Сашко Коцев, кој игра една од главните машки улоги во филмот на Дарко Митревски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.