Третолигаш го елиминираше Атлетико Мадрид од купот

Третолигашот Културал Леонеса направи сензација во четвртокот, елиминирајќи го шпанскиот фудбалски великан Атлетико Мадрид со 2:1 во шеснаесетфиналето од Купот на кралот.

Мечот одигран во Леоне беше репен во дополнителното време, откако во регуалрниот дел немаше победник. Гостите од Мадрид поведоа во 62 минута преку Анхел Кореа, но домашните одговорија со погодоците на Хулено Кастанеда во 83 и Серхио Бенито во 108 минута.

Ова е третиот пораз по ред за тимот на Диего Симеоне, откако загубија во Суперкупот од Реал, во првенството од Еибар и сега од третолигашот Леонеса во националниот куп.

Четвртокот беше гилотина за прволигашите, бидејќи беа елиминирани и Селта Виго, Еибар и Реал Бетис. Селта во продолжението загуби од Мирадес со 1:2, Еибар беше поразен од Бадахоз со 1:3, а Бетис на пенали од Рајо Ваљекано со 2:4.

 

РЕЗУЛТАТИ 1/16

Хуелва (Д3) – (+) Осасуна 2:3 (продолжение)

(+) Реал Сарагоса (Д2) – Мајорка 3:1

(+) Севилја – Леванте 3:1

УД Ибица (Д3) – (+) Барселона 1:2

Елче (Д2) – (+) Атлетик Билбао 1:1 (5:4) (пенали)

Бадалона (Д3) – (+) Гранада 1:3 (про)

УД Логроас (Д3) – (+) Валенсија ЦФ 0:1

Унионистите Саламанка (Д3) – (+) Реал Мадрид 1:3

(+) Тенерифе (Д2) – Вајадолид 2:1

Жирона (Д2) – (+) Вилјареал 0:3

(+) Реал Сосиедад – Еспањол Барселона 2:0

Ебро (Д3) – (+) Леганес 0:1

(+) Мирандес (Д2) – Селта Виго 2:1 (про)

(+) Леонеса (Д3) – Атлетико Мадрид 2:1 (про)

(+) ЦД Бадахоз (Д3) – Еибар 3:1

Рајо Ваљекано (Д2) – Бетис Севиља 1-1 (4:2) (пенали)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.