Тревога и во Македонија: Опасните апчиња за слабеење се достапни и кај нас

Интерпол објави светска тревога во 190 земји поради 2,4 динитрофенол (DNP) препарат кој се користи како диетски производ и за зголемување на мускулната маса.

Мрежата за полициска соработка се реши на ваков чекор откако  една жена почина во Велика Британија, а еден француски државјанин е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.

Овој препарат најчесто се наоѓа во продажба во облик на жолт прав или капсула. Ризиците поврзани со неговото користење се се поголем и поради стартот на неговото илегално производство во домашни лаборатории.

Тревога од претпоследна, портокалова фаза е објавена во 190 земји членки на Интерпол, меѓу кои и Македонија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.