Тргнуваат 42 милиони кубни метри руски гас за Европа, преку Украина

Испораките на гас на „Газпром“ за Европа преку Украина денеска изнесуваат 41,81 милиони кубни метри преку граничната пумпна станица Суџа, изјави за новинарите портпаролот на „Газпром“, Сергеј Купријанов.
Тој рече дека украинската страна го одбила барањето на „Гаспром“ за испораки преку пумпната станица Сохрановка, пренесува ТАСС.

-„Гаспром“ испорачува руски гас за транзит преку украинска територија, до степен потврден од украинската страна, преку пумпната станица за гас Суџа, 41,81 милиони кубни метри за 2 јуни. Барањата за пумпната станица Сохрановка се одбиени“, рече Купријанов.

Треба да се напомене дека количината на испорачана гас претходниот ден изнесуваа 41,2 милиони кубни метри.

Украинскиот систем за пренос на гас (GTSOU) на 10 мај објави дека од следниот ден ќе го прекине транзитот на гас за Европа преку станицата Сохрановка, наведувајќи го тоа како „виша сила“, објаснувајќи дека не може да ја контролира гасната компресорска станица Новопсков во Луганск.

Украинската компанија изјави дека, соодветно, номинациите за транспорт преку Сохрановка ќе бидат отфрлени и дека гасот нема да биде прифатен.

„Гаспром“, од своја страна, објави дека нема основа за прекин на пумпањето низ таа мерна станица, истакнувајќи дека не добил никаква потврда што го оправдува повикувањето на украинската страна за „виша сила“, потсетува руската агенција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.